• недела, 06 октомври 2024
МИА Најави МКД

17 февруари 2021

Скопје - Протоколарна средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со новоименуваниот грчки амбасадор, Русос Кунурос. (Стар кабинет/10:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала „Борис Трајковски“/12:00) Скопје - Започнува вакцинацијата на здравствени работници кои работат во ковид центрите, по што министерот за здравство Венко Филипче и претседателката на Комитетот за имунизација проф. д-р Александра Грозданова ќе дадат изјави за медиумите.(Модуларна болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби/10:00) Скопје - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе оствари средба со европратеникот Илхан Ќучук, известител во Европскиот парламент за Република Северна Македонија. (Кабинет на министерот/12:00, по што следува прес-конференција во холот на МНР/12:35) Скопје - Прес-конференција на Царинската управа на Република Северна Македонија на тема: „Нелегална трговија со режан тутун“. (службен паркинг пред новата зграда на Царинска управа/10:00) Скопје - Прес-конференција на Платформата за родова еднаквост, мрежа од здруженија кои работат на унапредување на родовата еднаквост и организаторки на протестите за случајот „Јавна соба. (пред МВР, главниот влез на ул. „Димче Мирчев“/10:00) Скопје - Поставување на камен темелникот на дополнителниот објект на ООУ „Исмаил Ќемали“. (поранешно ООУ „Рајко Жинзифов“, во населба Топанско Поле/11:00) Скопје - Сопругата на бугарскиот амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија Ангел Ангелов - Билијана Ангелова, започнува уште една добротворна кампања насловена # СреќнаСреда. (во книжарницата „Икона“, на улицата „Максим Горки“ 17/10:00) Скопје - Изјава за медиумите на претставник на партијата Единствена Македонија по најавеното поднесување во Собранието на „Предлог-закон за амнестија на граѓани учесници во настаните на 27 април 2017“. (Пред службениот влез на Собранието/13:00) Скопје – Отворање на Младински центар „Матично“. (во дворот на старо Матично/12:00) Скопје - Презентација на резултатите од анализата: Далечинско учење или далеку од учење? Анализа на спроведувањето на моделот на далечинско учење во средните училишта во учебната 2020/2021 година. (на платформата ZOOM /10:30) Скопје - Отворање на изложбата „Folded“ на младиот фотограф Зоран Шекеров. (PrivatePrint Studio, бул. „Партизански одреди“ 62/1-4/12:00-18:00) _________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан