• сабота, 23 ноември 2024
МИА Најави МКД
28 јули 2021  Скопје – Продолжува 47-та седница на Собранието. (Сала „Македонија“/12:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/10:00) Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 6/13:00) Скопје - Потпишување на договорите за кофинансирање на проекти за прекугранична соработка со Бугарија и со Косово од страна на министерот за локална самоуправа Горан Милевски. (Клуб на пратеници/11:00, изјави за медиуми пред почетокот на настанот) Скопје - Министерот за правда Бојан Маричиќ ќе одржи брифинг. (Клуб на пратеници/12:30) Битола - Министерот за здравство Венко Филипче во посета на КБ Битола. (КБ Битола/12:00, изјава по посетата) Скопје - Регионална конференција „Напади врз демократијата и човековите права: Граѓанските организации во поддршка на општествата од Западен Балкан кои се соочуваат со дезинформации, говор на омраза и хибридни напади“ во организација на ЦИВИЛ. (х.„Парк Резиденс&Спа“,сала „Њујорк“/11:00) Скопје - Презентација на наоди од регионалното истражување за ставови и мислења за ЛГБТИ права во регионот на Западен Балкан во организација на Меѓународната организација Civil Right Defenders, Собранието на Република Северна Македонија и Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. (Собрание на РСМ, сала„Борис Трајковски“/11:00) Скопје - Прес-конференција на Синдикатот на УПОЗ. (Пред зграда на ССМ/10:30) Охрид - Информативно-едукативен настан за запознавање на потенцијалните корисници со можноста за користење средства преку ИПАРД програмата 2014-2020. (Општина Охрид/11:00) Скопје - Активистичката коалиција ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД ќе одржи прес-конференција. (Пред Собрание/10:30) Штип - Промоција на новото граѓанско движење ЛДП и ДОМ. (Амфитеатар Фонтана на Мак Фест Безистен/19:30) Скопје - Критична маса #87 - „Бараме мерки за ноќните ѕверки“ посветена на безбедноста во сообраќајот. (Плоштад Македонија/21:00) Скопје - Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“ организира претставување и разговор со писателката Радмила Петровиќ. (Кафе-книжарница „Буква“/20:30)

Битола - Фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ – програма:

-Изложба „Хрватско културно наследство“ во 3Д техника. (Центар за култура/10:00)

-Градска музика и мажорет, ансамбл Херцег Нови, Црна Гора. (плоштад Магнолија/11:00)

-Презентација на американскиот фолклор од ансамбл Јута, САД. (Американски катче/11:00)

-Вечер на традиционална музика и игра. (Ракометно игралиште/20:00)

-Вокално инструментална вечер „Ехо од дамарите“. (Магаза/22:30)

_________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан