• сабота, 21 декември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД
18 октомври 2022  Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 88-та седница. (Сала „Македонија“/11:00) Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со заменик-претседателка на Владата и министерка за надворешни работи на Република Словенија Тања Фајон. (Сала „Длаборез“/12:10)   Скопје - Заменик претседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

 - Пристигнување во МНР (9:55)

 -Тет-а-тет средба Османи – Фајон (10:00-10:20)

 - Пленарен состанок меѓу двете делегации (10:20-10:55)

- Прес-конференција Османи - Фајон (11:00-11:20)

Скопје - По повод одбележувањето на Европскиот ден за борба против трговија со луѓе, државната секретарка на МВР и Национална координаторка за борба против трговија со луѓе Магдалена Несторовска ќе даде изјава. (ОУ „Димитар Миладинов“ /11:00)

Скопје - Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем организира конференција за промовирање на стратегијата на УСАИД зa партнерство со приватниот секор. (х.„Хилтон“/9:00) Скопје - Прес-конференција на Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ. (Прес-центар на МИА – Медиумска информативна агенција/11:00) Скопје - Свечена академија по повод 60 години од основање на Универзитетската Клиника за хируршки болести ,,Св.Наум Охридски" - Скопје. (х.„Александар Палас“/18:00) Скопје - Центарот за Европски Стратегии Евротинк – Скопје ќе одржи конференција во рамки на проектот „Општина Бутел отворена за младите“. (Општина Бутел, конференциска сала/12:00) Скопје - Отворени разговори насловени „Криза на менталното здравје, знаеме ли што ни се случува? Пандемија во пандемија“ во организација на „Ротари Клуб Скопје Интернационал“. (https://us02web.zoom.us/j/85310501132/20:00) Скопје - Регионалната Канцеларија за младинска соработка (RYCO) ќе одржи неформална средба со медиумите. (ресторан „Пелистер“/10:00)
Скопје - Прес-конференција по повод Светската премиера на филмот „Преекспонирано“. (Кинотека на Северна Македонија/12:00)
Штип - Промоција на книгите „Индустриски односи - регулатива, теорија и практика“, „Индустриските односи во Република С. Македонија  - емпириска анализа“ и „Лексикон на индустриски односи“ од проф. д-р Андон Мајхошев од Правен факултет при УГД - Штип. (Правен факултет, свечена сала/10:00) Скопје - Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерството за култура на Р.С.Македонија ќе ја отвори „Годишната изложба“. (Национална галерија, објект Мала станица/20:00)

Скопје - Отворање на изложбата на графики “Look up!” од Ертунч Сали. (КИЦ/20:00)

Кратово - Отворање на изложбата „Везот белег на традицијата во Кратовскиот регион“. (Салон на музеј на Град Кратово/12:00)

Скопје - Октомвриска ревија на филмови „Октомвриски филмски салон“, во чии рамки ќе се прикажува и филмот „Брод со Бисери“. (18:00) ______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан