• недела, 06 октомври 2024
МИА Најави МКД
17 октомври 2021  Локални избори 2021 Скопје – Претседателот Стево Пендаровски на првиот круг од локалните избори 2021 година, ќе гласа на избирачкото место 2489, во општина Гази Баба. (сала на М.З. Автокоманда, ул. „Лазар Поп Трајков“ бр.24 / 12:00) Гостивар - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на првиот круг на локалните избори 2021 година, ќе гласа на избирачко место број 0502 . (во с. Форино/ 10:00) Струмица - Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев ќе гласа во општина Струмица на избирачко место 1730. (во ОУ Никола Вапцаров / 12.00) Скопје - Шефот на Mисијата  на ОДИХР за набљудување на Локалните избори во Северна Македонија, Тана де Зулуета ќе го посети избирачкото место бр. 2805 на општина Центар,  по што ќе даде изјава за медиумите. (ООУ Киро Глигоров, ул. Адам Мицкиевиќ, бр. 14 / 11:00) Скопје – Прес-конференции на Државната изборна комисија (ДИК) за отворање на гласачките места, излезноста и текот на гласањето во 9:30, 11:30, 13:30, 15:30, 17:30 и во 19:00 со излезност до 18:30 часот, тек на гласањето и информации за техниката на пренос на резултати. -Од 19:00 часот следење на првичните резултати добиени по електронски пат во живо. Кичево - Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети ќе гласа на избирачкото место во Основното училиште во село Зајас, Кичевско. (12:00) Тетово - Претседателот на Движењето БЕСА, и кандидат за градоначалник на Тетово Билал Касами ќе гласа во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. (11:00) Тетово - Претседателот на ДПА Мендух Тачи ќе гласа на избирачкото место 1968/1 во Тетово. (во градинката „Младост“ (стара градинка) / 9:30 - 10:00)
Скопје - Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска ќе гласа во општина Центар на избирачко место 2813. (во ОУ Димитар Миладинов / 10:30) 
Крива Паланка - Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски ќе гласа во општина Крива Паланка. (во СОУ Јоаким Крчовски, карши Дом на културата / 11.00 ) 
Скопје - Градоначалникот на Град Скопје и кандидат за нов мандат на СДСМ и Коалицијата Петре Шилегов ќе гласа на локалните избори во СУГС „Георги Димитров“. (12:00)
Скопје - Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска ќе гласа на избирачко место број 2564 во општина Ѓорче Петров. (Урбана заедница „Ѓорче Петров“, на ул. „Радушка“ бр.5 / 10:00)
__________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан