• недела, 28 јули 2024
МИА Најави МКД
2 април 2022  Скопје - Министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, заменик на министерот за одбрана Башким Хасани, претставници од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, военото раководство од Генералштабот и потчинетите команди, генералите во Армијата ќе присуствуваат на одбележување на Денот на Првата пешадиска бригада. (Касарната „Страшо Пинџур” во Петровец/11.30, пристигнување пред пријавницата на касарната во Петровец/11:15) Скопје - Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) ќе го одбележи Светскиот ден на аутизмот - 2 април. (Кинотека на Македонија/12:00, изјави за медиуми/11:45) Скопје - Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет” организира настан по повод Меѓународниот ден на свесноста за аутизмот. (Зоолошка градина/11:00) Скопје - Во рамки на проектот „ФИЛТЕР" Здружението на граѓани за нови уметности, технологија и екологија „3.14 Брокули" ќе одржи панел дискусија на тема: „Намалување на текстилниот отпад преку кружни економии". (Кинотека на Република Северна Македонија/12:00) Скопје - Креативна работилница „Нашите другарчиња, животните“. (Мултимедијален центар за настава на Францускиот институт/11:00-12:30) Охрид - Промоција на книгата „Пат покрај патот“ од Славе Ѓорѓо Димоски. (Кафе и барот-Шила/18:00) Скопје - Отворање на изложбата „Аквизиции - донации 2017-2021“. (Музеј на современа уметност/12:00) Скопје - Трка во планинско трчање Водно-Матка Треилс во организација на Здружението за планинско трчање „ТРЕКС“. (старт/финиш зоната на Средно Водно, во склоп на Даре Бомбол/7:00 -18:00) Скопје - Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ќе присуствува на одбележувањето на 2 април - денот на раѓање на Ѓорче Петров. (Споменик на Ѓорче Петров во реонскиот парк/11:00) ________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***        

Остани поврзан