1 јуни 2022
Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ги одржи 54, 39, 71 и 69 седница. (Сала „Македонија“ / 12:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“ / 11:00)
Атина - Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од Талат Џафери, претседател на Собранието и шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на Процесот на соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ) ќе учествува на 9. Пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ во рамките на грчкото претседавање со Процесот.
Вашингтон - Министерот за економија Крешник Бектеши во официјална посета на Вашнигтон каде ќе учествува на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.
Скопје - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе присуствува на почетокот на првото главно тестирање во рамки на државното тестирање на ученици од трето одделение. (ОУ „26 Јули“ во општина Шуто Оризари / 9:00)
Скопје - Седница на Уставниот суд. (Уставен суд /9:30)
Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 69-та седница. (https://us06web.zoom.us/j/89877686199?pwd=YTlnNjZ2RjJWT0kwbm5IUHRqQjE0UT09 / 10:00)
Скопје - Во рамки на одбележувањето 77-годишнината на Националниот статистички систем во РСМ и Државниот завод за статистика ќе биде објавен нов сет на податоци од Пописот 2021 – за образовните карактеристики на резидентното население во Република Северна Македонија, како и податоци за неговата економска активност. Скопје - Потпишување Меморандум за соработка помеѓу Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) со цел поддршка во националната борба со дискриминирачкиот говор и другите негативни појави во интернет-просторот. (Седиште на КСЗД, ул. „Даме Груев“ 1 / 13:30) Скопје - Меѓународен форум на градоначалници насловен „Модерна општина”. (Универзитет за туризам и менаџмент; Изјави за медиуми во 13:00) Скопје - Предавање на тема „Библиотеките како простор и за квир заедниците“ во организација на НУБ „Св. Климент Охридски“. (18:00) Скопје - Националната галерија организира детска ликовна работилница по повод Меѓународниот ден на детето. (Даут-пашин амам / 18:00) Скопје - Прва официјална промоција и дегустација на традиционални македонски производи под заедничкиот бренд – алијанса на „Премиум производи“. (Фабрика „Био Оил“ /10:30) Скопје - Промоција на три научни дела на Институтот за македонска литература. (Амфитеатар на Институтот за македонски јазик / 12:00) Скопје - Промоција на едицијата „Нови бајки од Македонија“ по повод Светскиот ден на детето. (Книжарница „Литература“ на „Арс Ламина“ во ТЦ „Ист гејт“ /11:00) Скопје - Промоција на книгите „Пролет во Топчидер“, „Траги во бескрајот“ и „Чуварот на ‘бувља пијаца’“ на Петар Пеца Поповиќ, во организација на Српскиот културно-информативен центар „Спона“. (Кафе-книжарница „Буква“/19:30) Скопје - По повод одбележувањето на Денот на македонската статистика, ќе биде отворена изложба на слики од уметникот Живко Поповски -Цветин. (Дом на АРМ / 12:00) Скопје - Отворање на изложбата „Современа скулптура“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. (Уметнички центар АРТ ХАБ во ГТЦ, втори кат / 20:00) Букурешт - Изложба „Илустрации од македонската литература за деца од 90-тите години на ХХ век“. (Национален музеј на романската литература) Скопје - Отворање на Меѓународниот фестивал за кларинети „Кларифест - Скопје 2022“. (КИЦ, Салон 19:19 / 20:00) Скопје - Онлајн-интернационален натпревар за класична гитара во рамки на 13. Меѓународен фестивал за класична гитара „Тремоло“ во организација на Детскиот културен центар „Карпош“. Скопје - Почнува дваесет и првото издание на ОФФест. (Национална опера и балет / 20:00) Скопје - Карате федерацијата на РС Македонија ќе одржи прес-конференција. (Агенција за млади и спорт / 12:30)__________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***