• сабота, 21 декември 2024
МИА Најави МКД
20 август 2021 
Пробиштип - Министерот за здравство Венко Филипче и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, ќе го посетат Здравствениот дом во Пробиштип. (9:00, предвидени се изјави за медиуми)
Скопје - Претставниците на УНИЦЕФ и УСАИД во земјава, Патриција Ди Џовани и Ерик Јановски, ќе ја презентираат донацијата од мобилни станици за миење раце во училиштата. (ОУ „Климент Охридски“ во село Драчево /11:00; Изјави за медиуми /11:15)
Охрид - Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и градоначалникот на Охрид Константин Георгиески ќе присуствуваат на отворање на центарот за јавни услуги „Една точка за услуги”. (ул. „Димитар Влахов“ 57, стар влез на Општината /11:00)
Скопје - Градоначалникот Петре Шилегов и командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Владимир Симоновски, ќе присуствуваат на демонстрација на вежба за гасење пожар. (Врв на Водно, во близина на воените објекти / 10:30, организиран превоз за новинари од паркинг пред бараките на Град Скопје / 9:30)
Скопје - Прес-конференција на Туристичко-угостителската комора (Пред Сојуз на стопански комори /11:00)
Тетово/Битола - Манифестација „Филмска култура - три децении независен македонски филм“ – проекции на филмови и концерти со филмска музика во Тетово, Битола и Скопје по повод 30 години независност на државата. (Центри за култура во Тетово и Битола)
Охрид - Почнува 33. Поетска ноќ во Велестово. (Црква „Успение на Св. Богородица“ во село Велестово)
Скопје - Ревијално прикажување на победниците на Галичник филм фестивал. (Europe House / 11:00)
_________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан