• недела, 06 октомври 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

27 април 2022  

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски'/11:00) Скопје - Претседателот на Комисијата за економски прашања, Диме Велковски ќе одржи средба со чешкиот амбасадор, Н.Е. Јарослав Лудва. (Собрание, Канцеларија 286/10:00) Радовиш - Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посети 73-от реконструиран објект на ОВР Радовиш. (10:30, изјави за медиуми по посетата) Скопје - Конференција за проектни планови за млади земјоделци во областа на земјоделството и руралнниот развој во РСМакедонија, трансфер на знаења за подобро искористување на програмите, подобрување на човечките ресурси и поддршка во процесот на земјоделско производство.  (х„Парк“/10:00)

Штип - Дводневен настан насловен „Биди економист“ во организација на Економскиот факултет на УГД. (Универзитет „Гоце Делчев“, простории на Економски факултет/10:00)

Скопје - По повод отпочнувањето на проектот „Студентите ќе рециклираат“, Државниот студентски Дом „Скопје“ ќе одржи медиа брифинг. (Студентски дом “Гоце Делчев”/12:00, изјава за медиуми) Скопје - Изложба на Предраг Урошевиќ – Пепи. (Галерија МКЦ/20:00) Скопје - Премиерна изведба на театарска претстава ,,Гласови", во режија на Маја Ѓурчевска. (Театар „Чекори“, нас. Автокоманда во склоп на Домот на култура „Димитар Влахов"/20:00) Скопје - Омаж “По стапките на…” посветен на проф. д-р Томе Манчев. (Кинотека/20:00) Скопје - Агенцијата за млади и спорт ќе одржи прес-конференција за Петар Арсовски по повод освојувањето на бронзениот медал на ЕП за млади во бокс одржано во Софија, Бугарија. (АМС/13:30) Охрид - Етно фестивал Охрид 2022 во организација на Здружението за интегриран развој АРТ ПРИЈАТЕЛИ Охрид. (Голема сцена при НУЦК "Григор Прличев"/20:00) Скопје - Воените оркестри на Армијата на Република Северна Македонија и Армијата на САД за Европа и Африка “USAREUR-AF” ќе одржат едночасовен заеднички концерт. (Парк во населба Аеродром/18:30) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан