• сабота, 27 јули 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД
2 декември 2020  Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Сала 6/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за здравство. (Сала 6/12:00) Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 6/14:00) Струга - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Албанија, Бледар Чучи ќе потпишат Спогодба за зедничко менаџирање на риболовот на Охридското и Преспанското Езеро. (Пред платото на х. „Mirage“) - Инсерти од настанот (13:00) - Официјалното потпишување на Спогодба (13:30) - Изјави на министерот Хоџа и министерот Чучи (13:30-14:00) - Работна посета на министрите во Хидробиолошкиот Институт во Охрид (16:00)
Скопје - Втора сесија на Работната група 3 (Правосудство и основни права – Поглавје 23) од Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) на тема „Реформските идеи за „прочистување“ на правосудството низ призма на постојните механизми“. (https://forms.gle/10:00)
Скопје - Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов ќе одржи прес-конференција на која  ќе присуствуваат и градоначалниците на скопските општини. (Паркинг спроти бараките на Град Скопје/12:00)
Скопје - Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Македонскиот институт за медиуми ќе одржат онлајн работилница на тема „Психолошка поддршка на новинарите во кризни ситуации“. (https://zoom.us/webinar/10:00)
Скопје - Обука за наставници со која официјално започнува пилот-програма за сеопфатно сексуално образование во земјава. (х.„Александар Палас“/13:00, изјави за медиуми/13:20-13:40)
Скопје - Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ ќе одржи прес- конференција на тема Колку чини неплатената работа за нега во домашни услови и препораки до државата “. (https://us02web.zoom.us/11:00)
Скопје - Е-настан на тема:„Соларна енергија во Скопје – предизвици и можности“ во организација на Лаборторијата за социјални иновации - СмартАп. (Zoom/14:00)
Скопје - Промоција на „Водич за лица со попреченост при посета на музеите“. (Простории на Н.У.Музеј на РСМ/13:00) Скопје - Онлајн промоција на романот „Боксерот од Ново маало“ од Владимир Плавевски. (Фејсбук-страница на „Литература.мк“/9:00) Скопје - Отворање на изложбата „Везење во камен“ на Моника Мотеска. (Чифте амам) Скопје - Пламенка Трајковска - гудачки квартет ќе реализира концерти за деца „Магичен квартет“ во општините Ѓорче Петров и Бутел. (онлајн на фејсбук страна на Класика за деца/9:00)  __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан