• среда, 27 ноември 2024
МИА Најави МКД
20 јануари 2021  Скопје - Седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно - имунитетни прашања. (Сала на Уставна комисија/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. (Сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за здравство. (Сала 6/12:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/13:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/14:00) Скопје - Премиерот Зоран Заев и амбасадорот на Чешката Република, Мирослав Томан ќе најават почеток на нова чешка инвестиција во земјава. (14:00, прес-конференција на македонски јазик: https://www.youtube.com/watch?v=LkBoDA2yoUk&feature=youtu.be, прес-конференција на англиски јазик: https://www.youtube.com/watch?v=jSELvYhF8ys&feature=youtu.be) Скопје - Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, во својство на национален координатор за странска помош во земјава, амбасадорот на Чешка во земјава Мирослав Томан и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути ќе присуствуваат на презентација на донацијата што Чешката Република преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ ја обезбеди за Република Северна Македонија, како поддршка во борбата против КОВИД-19. (Пред магацинот на Дирекцијата за заштита и спасување, касарна „Гоце Делчев“ во општина Аеродром/15:30, новинарските екипи да пристигнат најдоцна до 15:00, предвидени се изјави за медиумите)

Скопје – Владата, Делегацијата на Европската Унија и УНИЦЕФ ќе почнат заедничка акција за правосуден систем по мерка на децата, на која е најавено присуство на министрите за правда Бојан Маричиќ, за внатрешни работи Оливер Спасовски, за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, на амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир и претставничката на УНИЦЕФ  Патриција Ди Џовани.( https://unicef.zoom.us/j/99295469649 /од 14:00 до 15:30)

Скопје - Вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Јован Деспотовски и управителот на „Ипротекс“ Блаже Левовски ќе се обратат на потпишувањето договор за државна помош меѓу Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони и германската компанија „Ипротекс“, која реализира инвестиција во ТИРЗ Скопје. (Медија центарот на Влада/10:00) Скопје - Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, ќе оствари средба со амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река. (13:30) Скопје - Прес-конференција на претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија,  Данела Арсовска на која ќе бидат презентирани предлог економските мерки за петтиот пакет. ред Сојуз на стопански комори на Македонија/11:00)

 Скопје -  Конференција „Антикорупциски предизвици во 2021“ организирана во рамки на проектот  „Набљудување на успешноста на работата на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК)“ финансиран од Фондација Отворено општество Македонија. (на платформата Zoom/ од 12:00 до 14:00)

Скопје - Левица ќе поднесе Иницијатива до Уставен суд за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата на РМ и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба и ќе одржи прес-конференција. (пред Уставен суд/11:30)

Скопје -  Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски организира прием за нашите одбојкари по повод пласманот на Европско првенство. (12:00)

Скопје – Архиерејска златоустова литургија по повод Собор на Свети Јован Крстител. (Црква „Св. Јован Kрстител“ во населбата Ново Лисиче/9:00)   _________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини**

Остани поврзан