• среда, 25 декември 2024
МИА Најави МКД
21 мај 2022 

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе одржи брифинг со новинари  за досегашните мерки кои се донесени во Националниот план за производство на храна. (Градски парк, ресторан „Југ“ / 15:00)

Скопје - Годишна конвенција на Центарот за безбедносни истражувања. (Младински културен центар, сала „Фросина“/18:00) 

Скопје - Конференција Science@FEIT за промовирање научно-истражувачката дејност кај студентите, во организација на Факултетското студентско собрание при Факултетот за електротехника и информациски технологии-ФЕИТ). (х.„Хилтон“ / 10:00) Скопје - Научна конференција „Наука за деца” во организација на фондацијата „Кантарот“. (Салон на Телеком на Плоштад /10:00 и онлајн на фејсбук-страницата) Скопје - Одбележување на Светскиот ден на семејните лекари - 19-Мај. (Градски парк кај фонтаната „Лотосов цвет"  /11:00-14:00) Гостивар - Отворање на првиот бизнис саем за производители, во организација на „Еуростеп“, во соработка со Општина Гостивар. (Спортска сала „Младост"  / 10:00-17:00)
Скопје - Второ издание на Саемот за размена на креативни искуства и размисли „Добро утро креативци“ во организација на „Скала магазин“. (Центар за иновации и дизајн „Јавна соба“/13:00) 
Скопје - Изложба на дизајнерска облека и накит на тема „Март“ на дизајнерката Александра Вељановска. (Дом на култура „Кочо Рацин“/11:00)
Скопје - Изведба на балетската претстава „Жизел“ од Адолф Адам во рамки на  „Мајски оперски вечери“. (Национална опера и балет /20:00)
  Скопје - Пристигнување на FIFA World Cup™ трофеј во Скопје заедно со бразилската фудбалска легенда Жилберто Силва, амбасадор на ФИФА. (Пивара Скопје, управна зграда / 13:00) Будимпешта - Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на европскиот карате куп „Унгарија опен“ во Будимпешта.
Скопје - Карате клубот Металург по повод јубилејот 50 години постоење и работа организира прослава. (х.„Континентал“ / 11:00) Скопје - „Загреј се за Европското првенство во танци 2022 со Џубокс“ - забава со танчари во пресрет на Европското првенство во танци што ќе се одржи во јули во Скопје.  („Ист гејт мол“ /14:00-16:00)
___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

Остани поврзан