• среда, 27 ноември 2024
МИА Најави МКД
28 јануари 2022 
Скопје - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе има излагање пред членовите на  собраниската Комисија за надворешна политика, каде ќе информира за текот на разговорите и севкупните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/11:30)
Скопје - Министерот за здравство Беким Сали ќе се вакцинира со трета доза вакцина против коронавирус, во рамки на заедничката акција со студентите на Медицински, Стоматолошки и Фармацевтски факултет. (Простории на Економски факултет при УКИМ/12:30)
Скопје - Народниот правобранител Насер Зибери ќе одржи прес-конференција на која ќе ги презентира податоците за почитувањето на начелото на недискриминација и соодветна и правична застапеност, како и за половата застапеност во јавниот сектор. (Пред седиште на канцеларијата на Народниот правобранител, спроти Спомен-куќата на Мајка Тереза/11:30)
Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 60-та седница. (https://us06web.zoom.us/j/82742644093?pwd=TFBSM0RzK0RBckFITGZScGk4dDZ2UT09/10:00)
Куманово - Евроамбасадорот Дејвид Гир и Штефен Худолин, шеф за соработка во Делегацијата на ЕУ ќе одржат средба со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски со што ќе го означат почетокот на општински посети во 2022 година. зјави за медиуми пред зградата на Општина Куманово/11:00)
Тетово - Градоначалникот на општина Тетово Билал Касами ќе се обрати на јавната дебата за Попова Шапка. (х.„Славија“/14:00)
Скопје - Прес-конференција на претседателот на Движењето БЕСА Билал Касами и на Фатмир Лимани, кој ќе се приклучи на Движењето БЕСА. (Централното седиште на партијата/11:00)
Скопје - Регионален хибриден симпозум „Превенција и третман на цервикален канцер“ во огранизација на Македонско здружение за хуман папилома вирус и Македонско здружение за цервикална патологија и колпоскопија. (х.„Холидеј ин“/11:00-18:00, изјави за медиуми пред х.„Холидеј ин“ од страна на Вардар, поранешен влез на „Огниште“/10:30)
Скопје - Комеморација во чест на македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов. (Фоаје на Националната опера и балет/10:00) 
Скопје - Книжевна средба по повод меѓународната манифестација „Ноќ на книгата“ во организација на Францускиот институт во Скопје. (Француски институт/17:00)
Скопје - Олимпискиот Комитет на Северна Македонија ќе одржи прес-конференција на која ќе го претстави македонскиот олимписки тим кој ќе настапи на претстојните Олимписки игри во Пекинг 2022 година. (Прес-центар на Олимпискиот Комитет/12:00)
  ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан