• среда, 27 ноември 2024
МИА Најави МКД
1 ноември 2022  Скопје -  Продолжение на 88. седница на Собранието на Република Северна Македонија. (Сала „Македонија“/12:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Сала 4/11:00) Скопје - Собраниската Законодавно-правната комисија ќе ги одржи 150-тата и 152-та седница. (Сала 6/11:00/11:15) Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/12:00) Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на настан по повод реализација на проект на АД МЕПСО за модернизација на телекомуникациската опрема.(Управна зграда на АД МЕПСО/10.00)

Скопје Потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Казахстан, Мухтар Тлеуберди во официјална посета на Република Северна Македонија.    

- Пристигнување во МНР (12:50)

 -Тет-а-тет средба на министрите Бујар Османи  и Мухтар Тлеуберди (12-55-13:15)

 -Пленарен состанок меѓу двете делегации (13:15-13:50)

 -Прес-конференција  на Османи и Тлеуберди (13:55-14:15)

- средба на министерот Тлеуберди со претседателот на Собранието, Талат Џафери (Сала Длаборез/15:10) Гостивар - Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман и градоначалниците од општините од Полошкиот плански регион ќе направат теренска посета на депонијата Русино и ќе извршат увид во напредокот на активностите. (10:00, изјава за медиуми по обиколката/10:45) Скопје - По повод Националниот ден на осигурувањето – 1 ноември ќе биде склучен Меморандум за соработка со осигурителни компании кои ќе доделат стипендии на студенти, ќе се одржат панел дискусии, а Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ќе додели награда на млад истражувач за најдобар труд од областа на осигурувањето, за што се предвидени изјави на проф.д-р Предраг Трпески, декан на Економски факултет, проф.д-р. Крсте Шајноски, претседател на Совет на експерти на АСО и Ѓорѓе Војновиќ, претседател на Здружение на финансиски организации и директор на „Триглав осигурување“. (Економски факултет, амфитеатар 2/11.30 Скопје - Дирекцијата за радијациска сигурност организира национална вежба за справување со радиолошки и нуклеарни несреќи. (Клуб на пратеници/9:00) Скопје - Национален настан „Унапредување на физичката активност на работно место“, во организација на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ - Скопје. (10:00) Скопје - Научно-културен собир „Македонско-хрватски допири“ посветен на македонско-хрватската соработка на планот на медицината и културата. (Медицински факултет, амфитеатар во Деканатот/11:00) Скопје - Прес-конференција на Синдикатот на културата на Република Македонија. (Пред Министерството за култура/10:00) Скопје - Онлајн презентација на резултатите од студијата „Моралната паника и претставата на ЛГБТИ во медиумите“ во организација на Коалиција Маргини. (https://us02web.zoom.us/j/86253970233/11:00) Скопје - Трета Култренинг/Работилница за кореографија и танц „Мое тело, мој дом“ заедно со Христина Ангеловска. (МКЦ/Кино Фросина/19:00) Скопје - Отворање на Саемот за студии во Франција во организација на Францускиот институт и Француската агенција за високо образование Кампус Франс. (НУБ „Свети Климент Охридски“/11:00) Скопје - Прес-конференција на Видеолотарија Касинос Австрија. (Простории на Видеолотарија Касинос Австрија, булевар Киро Глигоров број 2, во премиум зградата Мерцедес, кат 2/13:30) Скопје - Промоција на книгата „Пештански рибари“ - циклус цртежи на Борко Лазески. (Куќата - ателјето, ул.„Отон Жупанчиќ“ 15 Центар/19:00)  Скопје - Отворање на изложба на скулптури „Реинкарнација“ на Предраг Јаневски – Драшко. (КСП Центар-Јадро/19:00) Скопје - Изведба на балетската претстава „Рајмонда“ од Александар Глазунов по повод Светскиот ден на балетот. (Национална опера и балет/20:00) Скопје - Концерт на трио „Принчипеле“. (Филхармонија, камерната сала/20:00)   ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***   

Остани поврзан