• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД
5 јули 2022 Тетово – Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Беким Мурати и министерот за економија Крешник Бектеши ќе ги врачат договорите на одобрените апликанти од Центарот за вработување Тетово, за учество во мерките Субвенционирање на плати и Вработување и раст на правни субјекти. (простории на Центарот за вработување/ 10:00) Скопје - Во рамки на европскиот проект „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“ ќе се одржи јавен  настан за подигнување на јавната свест за проблемот со младинска невработеност, сензибилизација на темата и поголема мобилизација на сите заинтересирани страни. (Јавна Соба“, ул. „50та Дивизија“ бр. 22; 1000 Скопје/13.00)

Тетово - Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски ќе изврши примопредавање на Базенот во Тетово, како дел од Програмата на Владата на Република Северна Македонија за изградба на 14 пливачки базени на целата територија на државата. (просотор на Спортскиот центар во Тетово/10:30)

Скопје - Амбасадата на Шведска во Северна Македонија организира настан под отворено небо „Шведска во Градскиот парк“. (Градски парк, Школка/17:00)

Струга – Завршна регионална конференција од првиот циклус на регионалната програма за училишна размена RYCO Supershools. (х. „Дрим“/ 14:30)  ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан