• сабота, 27 јули 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД
5 октомври 2021  Атина - Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски ќе престојува во дводневна официјална посета на Хеленската Република. Скопје - Министерот за економија, Крешник Бектеши и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу ќе остварат средба со еснафите на Чаршијата. (Стара скопска чаршија во близина на џамијата Мурат Паша/11:00) Скопје - Работилница со ученици од гимназиите „Никола Карев“ и „Раде Јовчевски - Корчагин“ на тема „Од сценарио до филм“ во рамки на Меѓународниот фестивал на филмски сценарија „Скрипт фест“. (Гимназија „Никола Карев“/12:45) Битола - На Интерфест поетска вечер за Блаже Конески. (КИЦ-Битола/20:00) Скопје - Со дискусија посветена на годинашната фестивалска тема „Жените во медиумите“ почнува Петто издание на Медиумскиот фестивал Скопје во организација на ПИНА - Платформата за истражувачко новинарство и анализи. (на Фејсбук страниците на ПИНА и МФС/20:00)   Локални избори 2021  Скопје - Централниот караван на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ меѓу граѓаните на Петровец и Илинден, а на централниот настан ќе се обратат претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев и кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Александар Филиповски. (Аеродром, Парк Мичурин/20:00) Скопје - Во рамки на вториот караван на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ ќе се обратат потпреседателот на СДСМ Оливер Спасовски и кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба, Борче Георгиевски. (Гази Баба, парк Ченто кај семафори/18:00) Скопје - Изјава за медиуми на Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром. (Во промотивниот штаб на СДСМ во Ново Лисиче, до Т.Ц. „Лиса“ над „Жито маркет“/11:00)  Скопје - Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Бутел, Чаир и Центар. (Пред Општина Бутел/18:30, Парк Чаир/19:30, ул.„Македонија“ пред споменикот на Мајка Тереза/20:30)  Кавадарци/Велес - Изборни активности на Движењето „Одлучно за промени“ предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП.
Гостивар - Прес-конференција на огранокот на ДУИ. (Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, во близина на Противпожарната единица/11:00) 
Скопје - Портпаролот на Движењето БЕСА ќе одржи прес-конференција. (Седиште на БЕСА/12:00)
Скопје - Онлајн трибина на тема „Во какво Скопје сакате да живеете?“ во организација на Движењето Одлучно за промени.(https://us02web.zoom.us/j/88181158039pwd=eHAwU3FWSDhyQVY4QUdDYlRsWURaUT09/13:00)
Скопје - Митинг на независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Петар Георгиевски Камиказа, поддржан од партијата Левица. (Карпош Лептокарија/18:00) 
Скопје - Изборни активности на Движењето Беса. (Студеничани/19:30)
Скопје - Средба со граѓани и здруженија на граѓани на Иницијативата Зелен хуман град на тема „Урбана мобилност“.  (ул. „Џон Кенеди“/13:30)
___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан