• вторник, 24 декември 2024
МИА Најави МКД
27 октомври 2021  Белград – Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе учествува на Белградскиот безбедносен форум (Belgrade Security Forum) како говорник на панелот „Берлински процес – Што следи?“. (панелот на кој се обраќа ЗПВ Димитров/ 15:00) Кочани – Свечено поставување на традиционален словенечки пчеларник во Земјоделскиот институт – Одделение за ориз во Кочани,  донација на Република Словенија по повод 30-годишнината од независноста и во чест на словенечкото претседателство со ЕУ. (Единица за ориз во Кочани/ 10:00) Скопје – Конференција насловена „Писменото и книжевното културно наследство од Скопје и Скопско“, во организација на Институтот за македонска литература. (Амфитеатар на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, кат 1/ 10:00) Скопје – Кинотека на Македонија го одбележува Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со промоција на книгата „Антонио Митрикески: Хроника на еден филмски сон“ чиј автор е Стојан Синадинов. (Кинотека на Северна Македонија/ 12:00) Скопје – Традиционална поетска манифестација „Скопје чита“. (КИЦ, Изложбен салон – Империјал II/ 18:00) Скопје – Отворање на изложба на слики на Ниче Василев. (Галерија Ел Греко/ 19:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан