• недела, 01 септември 2024
МИА Најави МКД

9 мај 2022 

Скопје - Делегација предводена од потпретседателот на ПС на ОБСЕ и специјален претставник за ЈИЕ, Азај Гулијев во посета на Собранието. (Сала на Уставна комисија/10:30) Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/10:30) Скопје - Седница на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје – Седница на Законодавно-правната комисија на Собранието. (Сала 6/12:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 4/12:00) Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски ќе положи цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“ во дворот на Владата и ќе се обрати на пригодната свеченост по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. (9:45; заинтересираните медиуми за следење на настанот треба да пристапат на влезот од кај Медија центарот од 9:15 до 9:30) Париз - Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во дводневна работна посета на Париз, Франција. Тирана - Министерот за економија, Крешник Бектеши во дводневна официјална посета на Република Албанија. Скопје -  Министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе се сретне со поранешните началници на Генералштабот на Армијата и со членовите на Здружението – клуб на генерали. (Дом на Армијата/14:00; предвидени изјави - медиумите да стигнат најдоцна до 13:50) Скопје - Отпочнување со кампања за „Зголемување на безбедноста на железничките премини“ на која ќе се обратат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорот на Секретаријатот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек и директорот на ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец. (СУГС „Владо Тасевски“/9:30) Скопје - Прес-конференција на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на која ќе биде објавен Кварталниот извештај за работата на КСЗД за периодот јануари-март 2022 година. (Простории на КСЗД, ул.„Даме Груев“ бр.1 - поранешна ДКСК/10:30) Скопје - Седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. (Простории на Агенцијата, конференциска сала на 2 кат/14:00) Охрид - Втор состанок на Мрежата на управители на инфраструктура во рамките на Транспортната заедница. (х. „Лаки Хотел & СПА“/13:45) Охрид- Дводневна работилница за изработка на Предлог програма за заштита на потрошувачи, со вклучена одржлива потрошувачка и акциски план со вклучена родова перспектива во организација на ОПМ. (х. „Тино“/11:15) Скопје - Отворање на јубилејните 50. „Мајски оперски вечери“. (Националната опера и балет/19:30)  Скопје - Премиера на претставата „Народен непријател“. (Голема сцена на Македонски народен театар) Битола - Концерт на маестро Дино Имери. (Палата Офицерски/20:00) Скопје - Ден на пијаното - Скопје 2022. (Културно-информативeн центар - Скопје, Салон 19:19/18:00)  Скопје - Отворање на изложбата на накит на Санда Митева. (Галерија „КО-РА“ - Мал салон/13:00)  Скопје - Отворање на групната изложба „Наша визија за Европа“. (Галерија „КО-РА“ - Глем салон/12:00)
___________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан