• недела, 06 октомври 2024
МИА Најави МКД
21 август 2020 Скопје - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски  ќе остварат средба со началникот на Генералштабот на вооружените сили на Кралството Холандија, адмирал Роб Бауер. Скопје - Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ќе го означи почетокот на реконструкцијата на улицата „Востаничка“ во Кисела Вода. (До маркетот Рептил/11:00) Скопје - Прес-конференција на Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСС). (На крстосницата на семафорот меѓу ТЦ „Мавровка“ и Судска палата/14:05) Скопје - Свеченото отворање на првиот Интернационален фестивал на детската креативност „Трамболини“ во организација на Детскиот културен центар „Карпош“. (Градски парк, Школка/19:00) Охрид - Н.У. Театар за деца и младинци од Скопје ќе гостува на јубилејното 60. издание на фестивалот „Охридско лето“ со претставата „Јованче и Марика“, во режија на Давор Драгојевиќ. (Сцена Долни Сарај/20:00) Охрид - Отворање на 32-то издание на „Поетска ноќ во Велестово“ со настап на „Скопје гитар трио“, предводено од Дарко Багески.  (с. Велестово/21:00) Охрид - Отворање на изложба на академскиот скулптор Димитар Филиповски во рамки на 32. „Поетска ноќ во Велестово“. (Трем на црквата „Успение на Св. Богородица“/22:00) _________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан