• сабота, 27 јули 2024
МИА Најави МКД
26 јули 2022  Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе одржи продолженија на 50-та (12:00) и 57-та седница (12:30). Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Сала „Борис Трајковски“/10:30) Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала 4/11:00) Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 6/11:30) Скопје - Министерот за надворешни работи на Португалија Жоао Гомес Кравињо во официјална посета на Република Северна Македонија на покана од шефот на дипломатијата Бујар Османи. - Пристигнување пред влезот на Министерството за надворешни  работи (9:55) - Тет-атет средба на министреите Османи и Кравињо. (10:00-10:20) - Пленарен состанок меѓу делегациите. (10:20-11:00) - Прес-конференција на министрите Османи и Кравињо. (11:05-11:20) - Прием на министерот Кравињо кај претседателот Стево Пендаровски  (Кабинет на претседателот, сниматели и фоторепортери/12:45) Скопје - Министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе одржат прес-конференција. (Министерство за одбрана/10:00, пристигнување на медиумите/9:45) Скопје - Собраниска делегација, во состав Даниела Николова и Тони Јаревски, по повод 59 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје ќе положи венец цвеќе пред Споменикот на загинатите од земјотресот на Градските гробишта Бутел. (10:00)
Скопје - Владина делегација предводена од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје. (10:00, фоторепортери, сниматели)
Охрид - Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на Европската унија и амбасадорот на Република Чешка Јарлослав Лудва, ќе бидат домаќини на Европската вечер во рамки на фестивалот Охридско лето. (Црква Света Софија/21:00)
Охрид - Прес-конференција по повод шестото издание на најголемиот летен фестивал OHRID CALLING 2022 во организација на Авалон Продукција.(Кафе Аквариус/11:30)
Скопје - Агенцијата за филм ќе одржи прес-конференција со цел споделување на информација за успех на македонската кинематографија. (ресторан Four -Хотел Парк/12:00)
Битола - Свечено отворање на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“. (Ракометно игралиште/20:00)
Битола - „Патот на Илинденците“ - битолска коњаница „Галоп“. (Плато пред Офицерски дом/9:00)
Струга - Спортски фестивал Илинден 2022 под мотото „По врвиците на борбата за македонска државност” во организација на Спортско-рекреативниот клуб „Соларис“.  (кафуле во х.„Боград“/10:00)
__________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Тагови

Остани поврзан