• петок, 04 октомври 2024
МИА Најави МКД
21 октомври 2021  Атина - Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе учествува на Конференција на претседатели на парламентите на земјите членки на Советот на Европа во организација на грчкиот Парламент и Парламентарно собрание на Советот на Европа (ПССЕ).
Скопје - Онлајн презентација на редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан. (https://worldbankgroup.zoom.us/j/92822371318pwd=WW9RQnE4c3hORi9mc1crYldxSzV4Zz09/10:00)
Скопје - 13. Меѓународна HR конференција и HR Expo 2021, насловена „НRise like a PHOENIX- Intertwining humanity and technology" во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси (МΑЧР). (https://mhraconference.mk/mk/home-slider-3)
Скопје - Прва научна регионална конференција на тема „Предизвиците на децата со канцер и Ковид 19". (х. Queen's/10:00)
Скопје - Фондацијата Метаморфозис ќе одржи промоција на новите воспоставени канали за информирање Како до поблиска соработка меѓу институциите и новинарите во борбата против дезинформации?“. (https://techsoupglobal.zoom.us/j/92423838276/13:00)
Штип - Светот на Данте во колективната меморија - јазични и визуелни аспекти организиран по повод Неделата на италијанскиот јазик во светот. (Амфитеатар при Кампус 4/12:00)
Скопје - Отворање на Неделата на албански филм, петдневна манифестација реализирана од Кинотеката и Националниот филмски центар на Албанија на која ќе бидат прикажани по пет долгометражни и кратметражни играни филмови од поновата продукција. (Кинотека/20:00)
Скопје - Отворање на изложба на академик Васко Ташковски. (Даут-пашин амам/20:00)
Софија - Концерт на младата пејачка од Скопје, Илина Митревска, со музичка придружба на пијано од Дилек Реџеп. (КИЦ, ул.„Обориште“7/18:30)
Скопје - Концерт насловен „Контемплација со Перт и Шнитке“ на кој како солисти ќе настапат виолинистките Анна Кондратенко и Ева Богоевска. (Филхармонија/20:00)
___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан