• среда, 25 декември 2024
МИА Најави МКД
24 февруари 2022 Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со медиумите на која ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието. (Собрание на РСМ, кристална сала/10:00) Скопје - Прес-конференција на Комората на трговски друштва за вршење на геодетски работи.oјуз на стопански комори на Македонија/12:00) Скопје - Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Институтот за демократија ќе промовираат два истражувачки труда „Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014 – 2021)“ и „Од пофалби до разочарувања: 2021 Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија“. (х.„Хилтон“/10:00) Скопје - Презентација на анализите „Мапирање на ризици од корупција во животната средина“, „Антикорупциска проверка на Законот за животната средина“ и „Анализа на еднаквоста на испорачаните здравствени услуги во различните Ковид-центри“ во организација на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата. (https://us06web.zoom.us/webinar/register/WN_5A7_caOwQkWugMLJyUANsg/11:00) Штип - Здружението на граѓани „Медиа Плус“ Штип ќе одржи јавна дискусија на тема „Во потрага по загадувачите на реката Брегалница“, во рамки на проектот „Утопија? Бистри води, зелен Исток“.(Мултимедијален центар „Канал 77‘‘, конгресна сала и https://us02web.zoom.us/j/84695488238/11:00)
Кавадарци - Разговор со Сашко Илов - Дете за првата фото книга за паганскиот ритуал Џоломари. (facebook.com/podiumjadro  и instagram.com/podiumjadro/19:00)
Скопје - Оркестарот на Филхармонија премиерно ќе го изведе „Реквием за мојот пријател“ на композиторот Збигњев Прајснер, посветен на режисерот Кшиптоф Кишловски. (Филхармонија/20:00)
__________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан