• недела, 01 септември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД
25 февруари 2021  Скопје - Собранието ќе ја одржи 35 седнница. (Голема сала/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/12:00) Скопје - Законодавно правната комисија ќе ги одржи 42, 40, 31, 45 и 47 седница. (Сала 6/14:00/14:10) Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието. (Сала на Уставна комисија/10:00) Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе се обрати на “Петтата македонска туристичка берза“ организирана од страна на Националната асоцијација за дојдовен туризам –НАИТМ. (х.„Лимак“ ул.„Јордан Мијалкв“ 31/10:00, изјави за медиуми/10:45)
Скопје - Министерот за здравство Венко Филипче ќе ја посети Поликлиниката Букурешт по повод донација од Стопанска банка за Здравствениот дом во Скопје. (9:00, изјави за медиуми по посетата)
Куманово - Заменик министерот за образование и наука Арафат Шабани ќе учествува на консултативна средба со претставници од компаниите, локалните самоуправи и средните стручни училишта од Куманово. (Зграда на поранешните општествено-политички организации, изјави за медиуми/12:00)
Скопје - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски ќе доделат решенија за легализација. (Дом на култура во општина Ѓорче Петров, изјави за медиуми/10:15) Скопје - Регионална конференција „Граѓанинот на прво место“ во организација на Институтот за европска политика. (https://zoom.us/j/94033027138/10:00)

Скопје - Завршна конференција на Блупринт групата за проектот „За Правда – Следење на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор за 2020-2021 година“. (https://us02web.zoom.us/j/89462511678/10:30)

Скопје - Издавачката куќа ШКУПИ ќе одржи Прес конференција. (Простории на општина Чаир, канцеларии за невладини организации/12:00) Скопје - Онлајн настан создаден од Младите европски амбасадори од Западен Балкан насловен „ЕРА НА ЖЕНСКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: ТАА ВОДИ“. (Facebook Live WeBalkans и Instagram Direct/18:00) Скопје - Иницијатива против урбаното дивеење ќе одржи прес-конференција. (Пред Министерството за транспорт и врски, Црвена скопска општина бр.4 (спроти црквата Св. Димитрија)/11:30) Скопје - Онлајн-промоција на збирката раскази „Прстен и парфем“ од Мишо Китаноски. (Фејсбук-страница на „Арс Ламина“/19:00)  Скопје - Изложба „Современа скулптура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. (Уметнички Центар АРТ ХАБ, ГТЦ 2 кат локал 306/10:00) Скопје - Оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Бетовен: Редефиниција“ на кој како солист ќе настапи виолинистот Јонијан Илијас Кадеша. (20:00) _________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан