• сабота, 27 јули 2024
МИА Најави МКД
28 октомври 2021  Скопје – Брифинг со министерот за финансии, Фатмир Бесими и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Јован Деспотовски. (во Дирекцијата за ТИРЗ/ 10:00) Скопје – Потпишување нов меморандум за соработка меѓу Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Амбасадата на Република Србија. (простории на Филолошки факултет/ 11:00) Скопје – Промотивен настан организиран во рамки на проектот „Развој на партнерство помеѓу граѓанското општество и бизнисот: Модел на услуги за мобилизација на финансиски ресурси“. (х. „Солун“ или на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ/ 10:30) Скопје – Седми самит за трговија со стоки за широка потрошувачка (FMCG). (во живо на Youtube каналот, https://www.youtube.com/watch?v=CxgPYacP7rY  / 09:00) Скопје - Конференција насловена „Зелено општество за сите“ организира ЦИВИЛ, на која ќе се говори за зелените вредности, антинационализмот, социјалната правда, медиумите и дезинформациите. (х. „Парк Резиденс“, зад фудбалскиот стадион, сала „Њујорк“/ 12:00) Скопје – Хибриден настан во организација на Сеавус Code Talks, посветен на Front-End Technologies. (16:30) Скопје - Меѓународна конференција „Ефективна употреба на уметноста и креативната технологија во одгледувањето и тргувањето на цвеќе“, организирана во рамки на проектот „Цветање на уметноста/Растење и зајакнување на младите жени преку уметничко производство на цвеќе во иновативен и кративен начин. (Амфитеатар на Факултетот за физичка култура/ 10:00) Скопје – Општина Карпош организира традиционална крводарителна акција во пресрет на Денот на Општината - 3 Ноември. (Спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“/ 09:00) Скопје – Оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Зимски соништа“. (Филхармонија/ 20:00) Скопје – Отворање на изложбата „Вон боите“ на Висар Мулиќи. (Чифте амам/ 19:00) Битола – Трет Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО. На тема:  „Креативните индустрии - мост на иднината меѓу културата и креативната економија / Ковид-19 предизвици“. (Сала на Советот на Општина Битола/ 13:00, проекција на филмови во НУ Центар за култура/ 16:00)  Локални избори 2021: Скопје – Прес-конференција на Демократскиот сојуз на која Зоран Димитровски, генерален секретар на ДС, ќе ги презентира ставовите на партијата за претстојните локални избори. (Простории на Демократскиот сојуз, ул. „Стале Попов“ бр. 9/4/ 12:00) Тетово - Движењето БЕСА во Тетово организира победнички марш предводен од лидерот на Движењето БЕСА, воедно и кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами заедно со претставници на Алијансата за Албанците. (почеток на маршот од седиштето на Движењето БЕСА, спроти ДУТ, крај на маршот плоштад „Илирија“/ 13:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан