• недела, 06 октомври 2024
МИА најави - МКД
19 септември 2022
Лондон - Претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува на државниот погреб на Кралицата Елизабета Втора.
Скопје - Членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија - Мирјана Радевска-Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието Талат Џафери. (Собрание на РСМ - Охридска сала 9:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата. (Сала Борис Трајковски/10:00)
Њујорк - Премиерот Димитар Ковачевски ќе учествува на Генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите Нации.
Боговиње - Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски  и заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи ќе остварат работна посета на општина Боговиње, каде заедно со градоначалникот Бесник Емшиу ќе извршат увид во реконструкција на водоводната мрежа во населеното место Камењане. (Изјави за медиуми - 11:10 часот кај резервоарот во населеното место Камењане/место на чекање - 11:00 пред ресторан „Елит“ во Камењане).
Штип -  Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ќе присуствува на промоција на специјализираното бесплатно советувалиште за жени и девојки жртви на родово засновано и семејно насилство во Штип. (ул. „Христијан Карпош“, број 6/4, 2000 Штип/11:00 - изјави за медиуми 11:45)
Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе има средба со поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Реисот Шаќир Фетаху. (Седиште на ИВЗ/13:30 - изјави за медиуми 14:00)
Скопје - Прес-конференција на Македонската асоцијација за гинеколози и опстетричари - МАГО по повод 20 Септември, Светскиот ден за гинеколошките карциноми. (Деканат на Медицинскиот Факултет во Скопје/10:00)
Скопје - Промоција на изданието на Државниот архив - „Нико Зупанич и Македонија во 1903 година“ од м-р Виктор Габер. (НУ Музеј на македонската борба/12:00)
Скопје - Јавна презентација и промоција на германскиот премиум-бренд “C.Bechstein“. (Македонска филхармонија/11:00)
Скопје - Трет концерт на фестивалот на камерната музика „Скупи КамерФест“. (Камерна сала на Националната Филхармонија/19:30)
Скопје - Прес конференција во врска со третото издание на Фестивалот „Крај Вардарот Џез“. (Филхармонија кафе бар/12:00)
Скопје - Отворање на 13. издание на ЕХО фестивалот за планински филм. (Парк кино на МКЦ/ 19:00)
Скопје - Отворање на интерактивна изложба која е дел од интерактивен мултимедијален и истражувачки  проект INTERRUPTION - INTERSECTION на Андријана Андреева (Мал салон Галерија „КО-РА“/20:00)
______________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Тагови

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан