15 ноември 2022
Скопје - Собранието ќе ја одржи 92-та седница. (Сала „Македонија“/12:00)
Скопје - Законодавно-правната комисија ќе ги одржи 153-та и 154-та седница. (Сала „Борис Трајковски“/10:00/10:10)
Скопје - Претседателот Стево Пендаровски ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваната вонредна и ополномоштена амбасадорка на Хеленската Република во Република Северна Македонија, Софија Филипиду. (Кабинет на претседателот, сниматели и фоторепортери/10:30)
Скопје - Во рамки на Министерската конференција за одржливо управување со миграции во Западен Балкан, што е во организација на Министерството за внатрешни работи и Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе оствари повеќе билатерални средби со колегите министри од регионот. (х. Лимак“):
- средба со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Селмо Цикотиќ. (МВР/16:00-16:40, инсерти без изјави за медиуми)
Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе се обрати на бизнис настанот SUBEX- Suppliers Balkan Expo во организација на Македонско-германското стопанско здружение. (х.„Хилтон“/10:00, изјави за медиуми)
Брисел - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница на земјите од Западен Балкан што ќе се одржи во Брисел.
Будва - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе учествува на шеснаесеттиот работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа во Будва, Црна Гора.
Скопје - Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) одбележува 20 години. (Музеј на македонската борба, YouTube и Фејсбук страница на ДКСК/19:00)
Скопје - Панел дискусија по повод „Денови на албанската азбука 2022“. (Сала на Министерството за политички систем/11:00)
Тетово - Градоначалникот на општина Теарце, Нухи Незири, началникот на СВР Тетово, Амир Далипи и заменичката на постојаниот претставник на УНДП Сања Бојаниќ ќе се обратат на настанот во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за опасностите што произлегуваат од носење и злоупотреба на мало и лесно оружје (МЛО). (ОУ„Кирил Пејчиновиќ“ во с. Теарце/13:00)
Скопје - Претседателот на Здружението на регионални и локални медиуми „Медиум објектив“, Димитар Мицев ќе даде изјава во врска со предлог измените на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги. (Пред Собрание на Република Северна Македонија пред службениот влез за новинари/11:30)
Скопје - По повод 20 години од работата на Еко-свест ќе бидат засадени 20 дрвца во Градскиот парк. (спроти дискотеките во Градскиот парк/10:15)
Демир Капија - Прес-конференција на Видеолотарија Касинос Австрија. (Кај новиот парк во Демир Капија/12:30)
Скопје - Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје
и Институтот за информациски науки - ИЗУМ од Марибор, Словенија организираат Денови на COBISS. (Центар за конференции и студии на Националната и универзитетска бибиотека „Св. Климент Охридски“)
и Институтот за информациски науки - ИЗУМ од Марибор, Словенија организираат Денови на COBISS. (Центар за конференции и студии на Националната и универзитетска бибиотека „Св. Климент Охридски“)
Скопје - Отворање на ретроспективната изложба Потегот со четка - налик на две трепкања со очите на Теофил Шулајковски - Тофе. (Чифте амам/20:00)
Скопје - Koнцерт „Магија на музиката“. (КИЦ, Салон 19:19/19:19)
__________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***