• недела, 29 декември 2024
МИА Најави МКД
1 март 2021  Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала Борис Трајковски/ 13:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за здравство. (Сала 6/13:00) Скопје - Министерот за правда Бојан Маричиќ, заедно со директорите на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски ќе извршат увид во текот на попишувањето во Казнено-поправната установа К'шање, Кумановско. (12:00)

Скопје - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз ќе присуствуваат на примопредавањето на американска донација од 1.269 автоматски пушки М-4 за потребите на Армијата на Република Северна Македонија. (Касарна Ѓорче Петров/10:00/По примопредавањето Шекеринска и Брнз ќе дадат изјави за медиумите/Поради процедурите за влез  и заштита во време на пандемија, новинарските екипи треба да пристигнат на влезот на касарната најдоцна до 9:30 часот)

Ресен - Во Општина Ресен, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, ќе додели договори за набавка на приклучна земјоделска механизација на седум млади земјоделци. (Сала на Општина Ресен/ 12:00/Изјава за медиуми на министерот Хоџа, директорот на Платежна агенција Никица Бачовски и на градоначалник на Општина Ресен Живко Гошаревски/12:20) 

Скопје - Генералниот директор на А.Д. „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули, заедно со членот на Управниот одбор на Халкбанк А.Д. Скопје, Буке Геречџи, ќе ја посетат пошта 1020 во Општина Карпош со што ќе се означи повторното функционирање на платниот промет во единиците на поштенската мрежа на АД „Пошта на Северна Македонија“, a согласно потпишаниот договор за соработка со Халкбанк. (ул. Никола Русински бб/ 11:30) Скопје - Промоција на „Османлиски документи за историјата на Македонија - Скопски Санџак, Каза Скопје 1832/1833, том 1, дел 1, од авторите доц. д-р Аднан Шериф, д-р Музафер Бислими и м-р Ирфете Ибраими (на македонски и албански јазик). (х. „Дабл три бај Хилтон“/ во 18:00)  Скопје - Почнува тридневната манифестација „Денови на црногорска култура во Република Северна Македонија". -Омаж посветен на дел од професори и студенти од Филозофскиот факултет со црногорско потекло. (Хол на Филозофски факултет - Скопје/ 11:00) -Презентација на проектот Црногорските иселеници и нивните потомци во Северна Македонија. (х.Панорамика, Конгресна сала бр.2/18:30) -Изложба Црногорско кирилично печатарство XV и XVI век, во сопственост на Матица црногорска по повод одбележувањето на 100 години од Филозофскиот факултет -Скопје. (Хол на Филозофски факултет/ 12:00)   Скопје - Изложба на фотографии на Никола Јовановиќ. (Галерија „КО-РА“- мал салон во Ј.У.Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје/18:00) 
_______________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан