• недела, 06 октомври 2024
МИА Најави МКД
29 јули 2022  Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 71-та и 82-та седница. (Сала „Македонија“ /12:00 /13:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала „Борис Трајковски“ /10:00) Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи проштална средба со украинската амбасадорка, Н.Е. Наталија Задорожњук. (Стар кабинет /10:00)
Скопје - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе присуствува на презентација на оперативно тактичка вежба „Перон 192“ од страна на припадниците на САЕ Тигар. (Касарна Илинден /10:00, изјави за медиумите не се планирани)Куманово - Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески со делегација од Комората и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посетат граничниот премин Табановце, во рамки на проектот на Стопанската комора за „Следење на протокот на стоки на граничниот премин „Табановце“. (Граничен премин Табановце - работна средба во сала на зграда на Царинска управа/ 12:00, изјави за медиумите ќе дадат Бранко Азески, претседател на СKСМ, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Славица Кутиров, директор на Царинската Управа и Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство /13:00) 
Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 72-та седница. (https://us06web.zoom.us/j/83971966486?pwd=SVA3bWZ5dHllaUkrQnIwcVVWWGsvQT09 /10:00)
Скопје - Отворање на реновираниот Хируршки Ургентен Центар во склоп на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ Скопје. (11:00)
Битола - Кампања за промоција Бесплатна правна помош во Македонија во рамки на заедничкиот проект на Европската унија и на Советот на Европа „Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија”. (пред Градскиот пазар во Битола /9:00)
Тетово - Градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами ќе одржи прес-конференција во врска со процесот на легализација. (Простории на Општина Тетово /11:00)
Скопје - Прес-конференција на Коалицијата Менуваме. (пред седиште на ЕУ/12:00)
Струмица - Прес-конференција во врска со „Get EXITed“ забавата во организација на Општина Струмица и EXIT Фестивал. (Мал градски парк /12:00)
Струга - Промоција на најновата поетска збирка на Димче Шипинкароски, “Татковиот аманет”, издадена од Здруженето за литература, култура и наука „Бран“ од Струга. (Вевчани, Црковен храм Свети Никола /19:30)
Скопје - Музичка битка помеѓу рап продуцентите Ненад (Брус) и Марко Зад Аголот. (Пред просториите на КСП Центар - Јадро /20:30)
________________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Тагови

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан