• недела, 24 ноември 2024
МИА Најави МКД
5 октомври 2020 Скопје - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе прими донација во опрема и средства за справување со Ковид-19 од амбасадорката на САД во земјава Кејт Мери Брнз (во кругот на МВР пред зграда бр.1/10:00. Заинтересираните медиуми за проследување на настанот да бидат во МВР најдоцна до 9:45) Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа ќе присуствуваат на одбележувањето на Светскиот ден на Вранецот. (М6 Едукативен Центар/11.00) Тетово - Свечен прием за новите студенти на Универзитетот во Тетово (пред Ректоратот на Универзитетот/11:00) Скопје - Отворање на изложбата на Марија Рашковиќ насловена „Портата  на животот“. (галерија „КО-РА“ – нов салон (Дом на градежниците/19:00) Скопје - Проекција на анимираниот филм „Тајниот агент Мјау“ во рамки на програмата Кино на отворено со Скопје ЗОО. (Градски парк - Школка/18:30) Скопје - Почнува 11-тото издание на ЕХО Фестивалот за планински филм. (Кино Милениум и Кино Фросина/19:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан