• недела, 06 октомври 2024
МИА Најави МКД
17 јуни 2022  Скопје - Продолжение на 38. седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала „Борис Трајковски“/11.00) Охрид -  Втор ден од Преспа форумот за дијалог: -Премиерот Димитар Ковачевски ќе ја отвори сесијата на тема „65 години после Римскиот договор: Дали Европа е целосно економски реконструирана и интегрирана?“  (9:30/https://www.youtube.com/watch?v=IUmGRIYpvtY) -Сесија „Заедничко градење на отпорна европска безбедност“ (11:30) -Сесија „Западен Балкан – управување на бродот во турбулентни времиња“ (13:30) -Прес-конференција на министерот за надворешни работи Бујар Османи. (15:30) Скопје - Министерката за одбрана, Славјанка Петровска и потполковникот Џон Мекрeј од Националната гарда на Вермонт ќе присуствуваат на прелетот и слетувањето на борбените авиони Ф-35 на аеродромот во Петровец кои се дел од 134-тиот борбен сквадрон на Националната гарда на Вермонт.  (Аеродром Петровец/14:00, изјави за медиуми, пристигнување на медиумите на капијата на касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец/13:30)    Прилеп - Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заменик министерот Беким Реџепи, директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми и заменик директорот на ЈП за државни патишта Благојче Трпевски, ќе присуствуваат на целосното пробивање на левата тунелска цевка на тунелот Фариш во правец кон Прилеп, кој се гради на експресниот пат Градско – Прилеп. (Изјави за медиуми пред тунелот Фариш/14:00)  Крушево - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе го посети ООУ „Никола Карев“ во општина Крушево. (9:00, изјави за медиуми по завршување на настанот) Скопје - Јавна дебата на тема „Дискрециските овластувања при донесување подзаконски акти како ризик од корупција во урбанистичкото планирање” во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата. (https://us06web.zoom.us/j/86108911360?pwd=aHZhT25ocUdMWEdyZjNLNWVqSnZUdz09/12:00) Скопје -  Прес-конференција на Универзитетската Клиника за гастроентерохепатологија. (Амбуланта на Клиника за гастроентерохепатологија, Интерни клиники, УКЦ „Мајка Тереза“/14:00) Скопје - Конференција за „Демократско полициско работење“ организирана од Евротинк - Центар за европски стратегии. (х.„Холидеј Ин“, сала Милениум/11:00)  Скопје - Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, по повод отворањето на 43-тото издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе одржи прес-конференција. (Националната Опера и Балет, фоаје/11:00) Скопје - Промоција на книгата од областа на старата кинеска филозофија „Менциј“, во превод од старокинески јазик и со предговор и белешки на Игор Радев, доктор по старокинеска филологија. (КИЦ, Салон 19,19/19:19) Скопје - Промоција на книгата  „Приказни во облаци“ на авторката Кристина Тот. (Кафе книжарница Буква/20:00) Скопје - Изложба на дела од младоста на Ванчо Ѓорѓиевски. (Галерија МКЦ/20:00) Скопје - Гала оперски концерт „Млади оперски надежи-Коста Трпков“ со оркестарот на НУ Национална опера и балет и студентите од студиската програма по соло пеење на ФМУ. (НУ Национална опера и балет/20:00) ————————————————————————————————————————— ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан