-пристигнување пред главниот влез на Министерството за надворешни работи. (08:55)
-Tête-à-tête средба помеѓу Бујар Османи, министер за надворешни работи на Република Северна Македонија и Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни надворешни и европски работи на Република Хрватска (09:00-09:20)
-Пленарен состанок меѓу делегациите на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска (09:20-09:50)
-Потпишување на Меморандум за разбирање меѓу министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија и Министерство за надворешни и Европски Работи на Република Хрватска во областа на дипломатска обука. (09:55)
-Прес-конференција на Османи и Грлиќ Радман. (09:55-10:15)
-Средба на Грлиќ Радман со претседателот на Собранието, Талат Џафери. (Сала на Влада/11:50 - 12:20) -Одбележување на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Хрватска со концерт на хрватска клапа и фолклорни ансамбли од Северна Македонија и пригоден прием. (Филхармонија)Скопје - Презентација на резултатите на анкетата спроведена помеѓу компаниите членови на Македонско - германското стопанско здружение и оценка на деловната клима во Северна Македонија за 2022. (Ресторан Воденица, Конференциска сала/11:30)
Скопје - Меѓународна научна конференција „Better forestry, for better forests, for a better planet”, по повод 75 години постоење на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“.(Амфитеатар на факултетот/10:00)
Скопје - Панел дискусија на тема „Дигитална трансформација и нови можности за женско претприемништво“ во организација на Националната платформа за женско претприемништво. (х.“Double Tree by Hilton”/12:00)
Скопје - Седница на Собранието на Националното здружение на автошколи и возачи-инструктори ОБУКА-Л и одбележување на јубилејот 30-години од постоењето на Здружението. (Факултет за безбедност, амфитеатар „1“ Колонија-Идризово бр. 2А/10:30) Скопје - Фондација Метаморфозис ќе одржи панел-дискусијата „Што можеме да направиме за поголема заштита на личните податоци на граѓаните“. (х.„Квинс“/10:00) Скопје - Прес - конференција на претставници на Управата за водење на матични книги и на Синдикатот на Упаравата. (Пред Управа за водење на матични книги/11:00) Скопје - Противпожарниот сојуз на Македонија во соработка со Градскиот противпожарен сојуз на Скопје и Општинските противпожарни сојузи на општините од Град Скопје ( ОППС ) организираат јавна кампања за будење на свеста кај граѓаните за потребата од заштита на шумското богатство од пожари во текот на летниот период. (Градски плоштад „Македонија“/11:00)