• сабота, 27 јули 2024
МИА Најави МКД
20 јули 2022 Скопје - Седница на Комисијата за одбрана и безбедност. (Собрание, сала 4/10:00)  Скопје - Седница на Комисијата за европски прашања. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/12:00) Теарце –  В.д. амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, Џулијан Васало и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе го означат почетокот на градежните работи финансирани од ЕУ за малиот систем за наводнување во земјоделската област во село Теарце. (Изјави за медиумите/ 10:00) Скопје - Прва глобална женска лидерска конференција, под наслов „Јас сум жена“. (МКЦ, кино „Фросина“/ 17:00 - 22:00) Скопје – Меморијален годишен настан во чест на Марија Михајловски. (Во паркот „Ѓорче Петров“/ 19:30) Скопје – Прес-конференција посветена на најновото издание на  Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.(Х. „Парк“, зад Градски стадион/ 11:00) Охрид – Драмски театар Скопје со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ ќе учествува на „Охридско лето 2022“. Охрид – Петто фестивалско издание на Beach Film Festival. (Амфитеатар „Св. Софија“/ 20:30) Вевчани – Отворање на изложба на уметничките дела од Детската ликовна школа која годинава се одржа во рамките на ликовната колонија „Вевчански видувања“. (Мултикултурен центар „Коста Србакоски“/ 20:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан