• сабота, 21 декември 2024
МИА Најави МКД
14 октомври 2021  Малме/Гетеборг – Претседателот  на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ќе оствари средби со премиерот на Кралството Шведска, Стефан Лофвен, и со претставници на Македонскиот сојуз во Шведска. Скопје –  Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе учествува на вториот Самит на Западен Балкан (Western Balkans Summit) насловен „Промовирање европската инклузивност и интегритет“, во организација на „The Economist“. (панел-дискусија онлајн, со претходна регистрација на  https://westernbalkans.e-conferences.eu/auth/register / 10:00) Скопје – Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе биде домаќин на работната посета на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис. (Изјави за медиумите на македонски јазик  https://www.youtube.com/watch?v=1bSiDISzvFI и на англиски јазик  https://www.youtube.com/watch?v=2r_dLX2n_T8  / 12:40) Скопје – Министерот за економија Крешник Бектеши ќе се обрати на завршниот настан на Проектот на УСАИД за развој на регионални пазари на енергија и дискусија на тема „Идните предизвици во развојот на енергетскиот сектор во Република Северна Македонија“. (ресторан „Воденица“/ 14:00) Скопје – Министерот за економија Крешник Бектеши ќе присуствува на вториот Самит за Западен Балкан насловен „Промовирање на европската инклузивност и солидарност“, а ќе се обрати на панелот насловен „Фокусирање на економијата“. (х. „Хилтон“/ 15:35) Скопје – Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев ќе извршат увид во градежните активности за доградба на градинката „Орце Николов“ во населбата Карпош 3. (ул. „Карпошово востание“ бб, зад Општина Карпош, изјави за медиумите/ 11:30) Битола – Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски ќе се обрати на свечена академија - Јубилеј 60 години Технички факултет во Битола. (11:00) Тетово - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, ќе присуствува на свеченото пуштање во употреба на универзитетската лабораторијата за безбедност на храна, доопремена со нови инструменти за анализа, во склоп на Факултет за прехранбена технологија и храна. (Тетовски универзитет во лабораторијата на Факултетот за прехранбена технологија и храна/ 12:30) Тетово – Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ќе се обрати на претставувањето на првата повратна вендинг машина (ПВМ) на Пакомак поставена на територијата на општина Тетово. (во „Веро“, на ул.Борис Кидрич“ бб/ 13:30) Струга – Прв деловен појадок од новиот серијал на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ). (х. „Дрим“, изјава на претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија, Владанка Трајкоска / 11:30) Скопје – Свечен час: средба на генерации, во организација на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици по повод 75 години од основањето. (Аула на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“/ 11:00) Битола – Денови на македонското пчеларство. (плоштад „Магнолија“/ 12:00) Скопје – Премиера  на краткометражниот документарен филм „TrashTour: The Movie“. (медија-центар на училиштето „Јахја Кемал“/ 18:00) Скопје – На сцената на МНТ ќе се одигра претставата „Поделби“ во режија на Југ Радивојевиќ. (20:00) Скопје – Одбележување на 20-годишното постоење на Здружението на Полјаци во Република Северна Македонија - Клуб „Полоња“. (Музеј на македонската борба/ 19:00) Скопје – Филхармонијата ќе го изведе антологиското дело на американскиот композитор Стив Рајх – „Музика за 18 музичари“. (Филхармонија/ 20:00) Битола – Промоција на книгата „222 антиупатства за лична употреба (1978-2018)“ од Александар Прокопиев. (Културен центар и кафе-книжарница „Везилка“/ 19:00) Скопје – Роденденска недела во ЈП „Лајка“. (ЈП Лајка“ / 10:00-16:00)   Локални избори 2021: Кичево/ Врапчиште /Гостивар – Изборни  активности на караванот „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ меѓу граѓаните на Кичево, Врапчиште и Гостивар каде ќе се обратат претседателот на СДСМ Зоран Заев и кандидатите за градоначалници. (Кичево - градски плоштад / 17:00; Врапчиште 19:00;  Гостивар - плоштад / 20:00) Струга/Лабуништа – Во рамките на вториот караван ќе се обрати потпретседателот Венко Филипче и кандидатот за градоначалник Димче Шипинкаровски. (18:00)  Делчево/ Пехчево/Берово – Коалицијата  предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово. (Македонска Каменица - плоштад / 16:30;  Делчево - градски парк / 18:00; Пехчево - плоштад „Св. Петар и Павле / 19:30 и  Берово - плоштад „Димитар Беровски“/ 20:30) Битола/ Новаци/ Могила - Изборни активности на Движењето „Одлучно за промени“ предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП. Тетово – Изборните активности на ДУИ продолжуваат со собир во општина Тетово. Чешиново/Карбинци – Пратеникот на Левица Борислав Крмов на средба со носители на листи. Гостивар – Изборни активности на движењето Беса. (19:30) Скопје – Изјава на Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром на СДСМ и коалицијата. (Промотивен штаб на СДСМ во Ново Лисиче, до ТЦ „Лиса“, над „Жито маркет“/ 10:30) Скопје – Прес-конференција на Твоја партија. (ул. „Македонија“, пред седиштето на партијата/ 11:00) __________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан