• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД
3 ноември 2022  Скопје - Собранието ќе ги одржи 79-та, 88-та и 82-та седница. (12:00, 12:30, 13:00) Скопје - Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе има средба со министерот за национална економија на Казахстан, Куантуров Алибек. (Сала на Влада/14:40)
Берлин -  Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ќе учествува на Самитот за Западен Балкан во Берлин.
Скопје - Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе се обратат на отворањето на „Вториот македонски конгрес за патишта 2022“. (х.„Хилтон“/9:30, изјави за медиумите по воведните обраќања)
Тирана - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе учествува на Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи.
Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, евроамабасадорот Дејвид Гир и Набил Ганги,  де факто шеф на Организацијата за храна и земјоделство во Северна Македонија ќе ја претстават помошта обезбедена од Европската Унија и Обединетите нации за консолидација на земјиштето во Северна Македонија. (Клуб на пратеници/10:00)
Тетово - Градоначалникот на Тетово Билал Касами ќе одржи прес конференција. (Во просториите на општина Тетово/9:00)
Скопје - Меѓународен форум за креативни индустрии и улогата на женското претприемништво во креативната економија во организација на Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје. (кино „Синеплекс“, „Сити мол“/10:00)
Скопје - „Омаж на маестро Александар Џамбазов“ во рамки на 45. издание на фестивалот „Денови на македонска музика“. (Филхармонија, концертна сала/20:00)
Скопје - Премиера на претставата „Госпоѓица Јулија“ во режија на Мето Јовановски. (КИЦ, Салон 19:19/20:00)
Скопје - Во рамки на Програмата „МОТ +“ ќе бидат изведени претставите: „Ладен воздух: Ода на женската фантазија“ во кореографија и изведба на Александра Петрушевска и „Да се продолжи со движење“( „seguir moviendo“), кореографско дело на Дарио Барето Дамас. (МКЦ/19:30/21:00)
Кавадарци - Проекција на македонскиот игран филм „Снежана на крајот умира“ во режија на Кристијан Ристески. (Дом на култура „Иван Мазов - Климе“/20:00)
___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан