• недела, 24 ноември 2024
МИА Најави МКД
19 октомври 2021  Софија - Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски ќе престојува во работна посета на Софија каде ќе го потпише трилатералниот меморандум меѓу Северна Македонија, Бугарија и Албанија за доизградба на железничкиот Коридор 8. Стразбур - Европската комисија ќе ги презентира извештаите за напредокот на реформскиот процес во шесте земји од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија. Скопје - Презентација на проектот „Зголемување на употребата и достапноста на официјалните статистички податоци во Република Северна Македонија“ на кој Државниот завод за статистика работи со Шведскиот завод за статистика. (х.„Мериот“ /9:00) Скопје - Меѓународна видео конференција „Стратешки менаџмент со ризици и кризи - подготвеност за идни кризи" на која ќе се обрати деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев. (11:00)

Тетово - Факултетот за прехранбена технологија на исхрана при Државниот универзитет во Тетово организира манифестација по повод Светскиот ден на храната. (Факултет за физичка култура, амфитеатар /11:00)

Скопје - Прес-конференција на фестивалот „Киненова“. (ЕУ Инфо центар /11:00) Скопје - Отворање изложба на ликовниот уметник и редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при Државниот тетовски Универзитет, Башким Меџити. (Мултимедијален центар Мала станица /19:00) Скопје - Отворање на изложбата ,,Raffaelo: Opera Omnia”. (Археолошки музеј) Скопје - Проекција на филмот „Пеколот“ во изведба на пијанистот Марио Маријани од Италија. (Кинотека на Македонија /20:00) Скопје - Концерт на пијано дуото Билјана Димовска и Татјана Божиновска. (Музеј на македонска борба /20:00) ________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

Остани поврзан