• недела, 01 септември 2024
МИА Најави МКД
11 октомври 2021  Прилеп – Претседателот Стево Пендаровски ќе се обрати на свеченоста по повод 80-годишнината од Денот на народното востание - 11 Октомври.  (во меморијалниот комплекс „Могилата на непобедените“ во Прилеп, каде ќе положи цвеќе) Скопје – Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели државната награда „11 Октомври“ за 2021 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија. (Собрание на Република Северна Македонија, Кристална сала/ 12:00) Прилеп/Куманово/Скопје – По повод Денот на народното востание – 11 Октомври, делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија ќе положат цвеќе. (пред споменикот на Методија Андонов – Ченто, споменикот на Кузман Јосифовски – Питу и споменикот „Жена борец“ во Прилеп/ 9:00, пред Спомен костурницата во Куманово и на партизанските гробишта во Бутел во Скопје/ 9:30) Скопје – На чествувањето на празникот 11 Октомври -  Ден на народното востание и на јубилејот 80 години од овој настан, свои обраќања ќе имаат потпретседателката на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 Елена Ј. Грујовска, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија Горан Мисовски. (во меморијалниот комплекс „Партизански гробишта“ во Бутел/ 9:30) Куманово - Пред спомен костурницата во градот, венци свежо цвеќе ќе положат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик-министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Илхан Рахман. (9:30) Скопје – Комунистичката партија на Македонија, во чест на празникот, ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на учесниците на НОБ. (кај Владата на Република Северна Македонија/ 12:00) Битола – На „Интерфест-Битола“ музички рецитал со Џанлука Кампи, хармоникаш од Италија. (Музеј/ 20:00) Локални избори 2021: Прилеп – Изборни активности на караванот „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ во Могила и во Прилеп, на кои ќе се обратат лидерот на СДСМ Зоран Заев и кандидатите за градоначалници. (Могила, пред Општината/ 10:30), Прилеп (каде по повод 11 Октомври СДСМ ќе има марш/ 12:00) Скопје - Изборни активности на караванот „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ продолжува во Скопје на кои ќе се обратат лидерот на СДСМ Зоран Заев и кандидатите за градоначалници. Ѓорче Петров (Амфитеатар Корзо/17:00), Центар (Детско игралиште Капиштец/ 18:15) и Карпош (плато Млечен/ 20:00) Делчево – Во рамки на вториот караван „Најдоброто за мојата општина“ ќе се обратат Љупчо Николовски и кандидатот за градоначалник Горан Трајковски. (18:00) Скопје – Изјава за медиуми на Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром на СДСМ и коалицијата. (во Промотивниот штаб на СДСМ во Аеродром, во Ново Лисиче, до ТЦ „Лиса“, над „Жито маркет“/ 11:00) Скопје – Демократската унија за интеграција ја продолжува изборната кампања во општина Чаир, каде ќе ги претстави кандидатот за градоначалник Висар Ганиу и листата на кандидати за советници со носител на листа Сермине Пурини. Гостивар – Прес-конференција на Демократската унија за интеграција. (пред основното училиште во с. Здуње/ 12:00) Кичево/Прилеп – Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Кичево. (Градски плоштад/ 17:00), во Долнени (с. Ропотово кај штабот/ 17:30), во Кривогаштани (спроти Општина Кривогаштани/ 18:30), во Крушево (Градски плоштад/ 19:30) и во Прилеп (плоштад „Методија Андонов – Ченто“/ 20:30) Скопје – Независната  кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска по повод 11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ, ќе положи свежо цвеќе на споменикот „Ослободители на Скопје”. (пред зградата на Влада/ 10:30) Скопје – Прес-конференција на независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска. (во Граѓанскиот штаб на ул. „Македонија“/ 11:00) Скопје – Прес-конференција на кандидатот за градоначалник за Град Скопје, Ана Петровска. (парк „Жена Борец“/ 12:00) Скопје – Прес-конференција на Твоја 10:30 партија. (Водно, ул. „Партениј Зографски“ бр. 67, над „Кочо Рацин“/11:45) Гевгелија/Демир Капија – Изборни активности на Движењето „Одлучно за промени“ предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП. (Гевгелија и Демир Капија) Битола/Прилеп – Претседателот на Левица и носители на листи на средба со членството. (Битола/ 17:00) и во (Прилеп/ 20:00) Теарце - Изборни активности на Движењето Беса. (19:30) Скопје – Прес-конференција на Шанса за Центар, Зелените од Гази Баба, Inicijativa Më mirë për Tetovën / Подобро за Тетово,  Независна за Карпош – за заштита на Карпош, Стига е - фронт против рудникот и загадувачите на животната средина за општина Струмица, Босилово и Ново Село. (на платото пред ДИК/ 10:00) __________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан