• сабота, 31 август 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

28 септември 2021 Скопје – Неформална средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери со претставници на медиумите. (Кристална сала/ 10:00) Скопје - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери ќе се сретне со Шефик Џаферовиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина. (Сала „Длаборез“/ 12:00) Скопје – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, ќе ја посети Северна Македонија како дел од нејзината турнеја низ регионот на Западен Балкан. - Премиерот Зоран Заев и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен ќе го посетат Младинскиот културен центар (МКЦ). (15:05) - Заедничка прес-конференција на премиерот Зоран Заев и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен (кино салата во МКЦ/15:20) Скопје – Прес-конференција на Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер по повод 28 Септември - Меѓународниот ден за универзален пристап до информации. (на платформата ZOOM Онлајн настан - https://us02web.zoom.us/j/83581839563, passcode 000000 / 11:00-12:00) Скопје - Коалиција „Сите за правично судење“ организира завршна конференција насловена како „Влијанието на мерит системот врз судската независност и професионалност во Северна Македонија“ со финансиска поддршка од Амбасада на САД во Северна Македонија. (х. „Солун“/ 12:00) Скопје - Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски ќе ја отвори тркалезната маса по повод одбележувањето на Светскиот ден на борба против беснило. (х. „Александар Палас“/ 10:00) Скопје – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски ќе одржи јавен состанок преку видео конференциска врска. (12:00) Скопје - Национална конференција: „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување“. (х. „Мериот“/ 10:30, изјави за медиумите пред почетокот на конференцијата) Скопје - Онлајн презентирање на резултатите од програмата ГЕФФ ( GEFF) и најава за понатамошното финансирање на енергетската ефикасност во станбениот сектор. (директен пренос на порталот Balkan Green Energy News/ 11:00) Штип - Хрибридна конференција: „Справување со нелиберални-евроскептични наративи, оддолу“. (УГД- Штип, Свечена сала – стар Ректорат, Правен Факултет или на платформата ZOOM/ 14:00) Скопје - Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев ќе го осети ООУ „Петар Поп Арсов“, (ул. „Трифун Бузев“ бр. 2/11:00, изјава за медиумите/ 11:15) Скопје - Прес-конференција на Ракометниот клуб Вардар 1961. (СЦ „Јане Сандански“, сала за прес-конференции/ 12:00) Локални избори 2021: Скопје - Коалицијата предводена од СДСМ изборната кампања „Најдоброто за мојата општина“ ќе ја претстави во Петровец (на плоштадот)/ 18:00 Струга/Ресен - Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изборната кампања „Создади нова иднина!“ ќе ја претстави во повеќе населени места:. Вевчани, Двориште, Центар/16:30; Дебарца - с. Белчишта/17:00; Струга, Ново шеталиште кај црква „Св. Ѓорѓија“/18:30 и Ресен плоштад „Цар Самоил“/ 20:30 Тетово - Демократската Унија за Интеграција изборната кампања ја продолжува во Тетово. (Спортска сала при Медицинското училиште - Тетово/ 19:30) Скопје - Прес-конференција на претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКЗМ) Неби Хоџа со лидерот на БЕСА, Билал Касами. (на паркингот пред х. „Арка“/ 10:35) Скопје - Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Чаир на Движењето Беса, Кастриот Реџепи (11:00) Виница/Берово - Движењето „Одлучно за промени“ ќе се претстави во Берово/17:00 и Виница/ 19:00 Скопје - Прес-конференција на независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска. (во граѓанскиот штаб на улица „Македонија“, до „Пеко“/ 11:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан