• недела, 01 септември 2024
МИА Најави МКД
27 септември 2022 Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала „Борис Трајковски“/ 10:00) Скопје – Седници на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/ 10:15 и 10:30) Скопје – Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 4/ 12:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала 10/ 12:00) Скопје – Министерот за економија Крешник Бектеши ќе се обрати на одбележувањето на Светскиот ден на туризмот. (Клуб на пратеници/ 11:00) Скопје – Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ќе има средба со претседателката на Националниот совет за родова рамноправност, Савка Тодоровска и тимовите на Министерството и Националниот совет.  (Национален совет за родова рамноправност, ул. „11 Октомври“ бр. 17/ 9:30) Скопје – Седница на Уставен суд. (9:30) Скопје – Конференција на која ќе бидат презентирани извештај за миграцијата на работна сила во Западен Балкан и публикација на ОЕЦД за Индексот на политики за мали и средни претпријатија кофинансирана од Комисијата на ЕУ, Швајцарија и Австрија. (х. „Мериот“/ 10:00) Скопје – Прес-конференција на претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија, Иван Пешевски и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски. (во зграда на ССМ, сала на кат 6/ 10:00) Скопје – Свечена академија по повод Меѓународниот ден на Бошњаците во организација на Бошњачки национален совет на РСМ. (Дом на АРМ/ 19:30) Скопје -  Прес - конференција на Алијанса за Албанците. (во прес-центарот на Собранието на РСМ/13:00) Скопје – Здружението СОС ВИТА ќе го одбележи тригодишното постоење. (плоштад „Скендербег“/ 18:30 – 21:00) Скопје – Предавање  на Ив Гунен, државен советник во Франција, на тема „Филмска цензура“. (Француски институт/ 17:00) Скопје – Отворање на изложбата „Доаѓаме со поклон“ и разговор со авторката Шејла Камериќ. (Чифте амам/ 19:00) Штип – Концерт на класичното камерно дуо „Екс Македоникум“. (ДМУЦ „Сергеј Михајлов“/  19:00) ______________________________________________________________________***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан