Скопје - Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија. (Меѓународен аеродром „Скопје“, пристигнување на снимателите и фотографите на „Капија 5”, влез кон безбедносно-контролираната зона на аеродромот кој се наоѓа десно од старата терминална зграда/12:15)
- Пристигнување на Сијарто и делегацијата на Меѓународниот аеродром „Скопје” (13:15)
- Предавање на донација со вакцини наменета за потребите на Министерството за внатрешни работи (13:30-13:40)
-Поаѓање кон Министерството за надворешни работи (13:40)
- Пристигнување пред Министерство за надворешни работи (поздравување и сликање меѓу министрите пред МНР/ 14:05)
- Тет-а-тет средба меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи и Сијарто (Кабинет на МНР/ 14:10-14:25)
- Пленарни разговори меѓу делегациите на министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Унгарија. (14:30-15:00)
- Прес конференција на Османи и Сијарто (15:00-15:20)
Скопје - Прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири. (11:00)Гевгелија - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе присуствува во работна посета на општина Богданци каде ќе го означи почетокот на проектот „Поврзување на општините со локални патишта”. (Општина Богданци, ул.„Ѓуров Дол“, изјави за медиуми/ 11:00)
Скопје - Прес-конференција на министерката за култура Ирена Стефоска, комесарот на проектот и директорка на Националната галерија, Дита Старова-Ќерими и кураторите Бекир Адеми и Јордан Шишовски, на која ќе биде претставен проектот на националниот претставник на 17. Биенале на архитектурата во Венеција, „Сега“ на бирото за проектирање БИНА. (Национална галерија објект Даут пашин амам/ 11:00) Скопје - Онлајн средба со новинари на Фрек Јанмат, раководител на оддел за економски работи во делегацијата на ЕУ. (10:30) Пониква – Прес-конференција на в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев. (на патот кон Пониква, кај месноста Аеродром/11:00)Скопје - Директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани и скопскиот муфтија, Кенан Исмаили ќе одржат прес-конференција. (Пред Мустафа-пашината џамија во близина на скопското Кале/ 11:00)
Скопје - Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ ќе направи увид во реконструираното второ крило на тоалетите во ООУ „11 Октомври“. (ООУ „11 Октомври“, улица „Мирче Ацев“ бр. 102/ 9:30) Скопје - Независната угостителска комора по повод кампањата „Чисто и безбедно“ ќе одржи прес-конференција. (Летна тераса на локалот „The house“, ул.„Стив Наумов“102Д/ 11:30) Скопје - Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) ќе го презентира вториот Национален извештај од Матрицата на индикатори за мерење на перформансите и реформите во правосудството. (https://us02web.zoom.us/j/86303761871/ 10:00) Скопје - Втор вебинар во рамки на проектот Зошто не јас 2.0? на тема „Како да започнете сопствен бизнис? Можности за користење јавни фондови и акцелераторски програми за стартапи“, во организацијана Тимот на Младиинфо Интернационал. (https://us02web.zoom.us/j/85056561210?pwd=QXhHd250YWVNOE5GRG9KRVg4TjUrQT09/ 16:00) Скопје - По повод 12 мај, Ден на медицинската сестра на youtube каналот и на веб страницата на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, zanas.mk ќе биде прикажана емисија посветена на сестринството. (12:00) Битола - Македонско научно друштво-Битола организира - Литературно читање- „Конески“. (Педагошки факултет/ 12:00) Скопје - Прес-конференција на Иницијативниот одбор на Граѓански фронт. (Пред Владатa/ 12:05)Скопје - Прес-конференција по повод обезбедена олимписка норма во таеквондо во Агенцијата за млади и спорт. (11:00)
__________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини