• среда, 25 декември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД
22 октомври 2021 
Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа ќе се обрати на завршниот настан за проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, имплементиран од страна на CARE International и Македонската развојна фондација за претпријатија. (х.„Александар Палас“/11:00, изјави за медиуми/12:10)
Скопје - Одбележување на месецот за борба против рак на дојка каде свое ораќање ќе имаат сопругата на претседателот на РСМ, Елизабета Ѓоргиевска, генералната директорка на Рамстор Македонија, Даниела Адемоска и претседателката на Здружението за борба против рак „Борка за секој нов ден“, Биба Додева. (Простории на Рамстор Мол/12:30)
Скопје - Национална конференција на тема „Справувањето со предизвиците во борбата со ракот на дојка“ во организација на Здружението за борба против рак „Борка за секој нов ден“. (18:00/онлајн линк)

Скопје - Прес-конференција на директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески и Наташа Сивевска од Текстилно Трговско здружениен - Текстилен кластер. (Агенција за странски инвестиции/12:00)

Скопје - Прес-конференција на ЗНМ. (Пред канцелариите на ЗНМ/11:00) Прилеп - Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ организира посета на Спомен-домот на Блаже Конески во Небрегово, под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. (Небрегово/14:30) Скопје - Отворање на самостојата изложба „Consutum“ на Ана Спасова. (КСП Центар Јадро/20:00)

Скопје - Прв концерт на првиот инклузивен хор на лица со Даунов синдром. (ПЛОЧНИК - Градски ѕид, потегот околу Соборен храм, позади Клуб на новинари.18:30)

Скопје - Концерт на пијано дуо Костова/Базгалоска на фестивалот „Златна лира“ 2021.  (Музеј на македонска борба/20:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан