• среда, 18 декември 2024
МИА Најави МКД
21 јули 2022 Скопје – Прес-конференција на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. (Медија центар на Влада/ 11:30) Гостивар – Презентација на првиот мултифункционален центар за лица со посебни потреби на која ќе присуствуваат министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Вероник Хулман и претставникот на УНДП, Армен Григорјан. (во просториите на поранешното приватно училиште „Јахја Кемал“/ 12:00, изјави за медиумите/ 12:45 – 13:00) Охрид – Работна посета на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум на компанијата „Костал Македонија“, на која изјави за медиумите ќе дадат Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж и генералниот менаџер на „Костал Македонија“, Виктор Мизо. (простории на компанијата/ 11:45) Скопје – Панел дискусија на тема „Слонот во собата“, посветена на дезинформациите и пропагандата во организација на ЦИВИЛ. (во живо на онлајн каналите на ЦИВИЛ, Фејсбук и Јутуб/ 13:00) Скопје – Концерт „Македонски шлагери - стари песни - нови ѕвезди“. (на плато Ист Гејт мол/  21:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Тагови

Остани поврзан