• сабота, 27 јули 2024
МИА Најави МКД
17 мај 2022  Гостивар - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик министерот Беким Реџепи ќе присуствуваат на прелиминарната електронска распределба на станови за социјално ранливи семејства. (До Центарот за култура -АСНОМ/ 10:30, изјави за медиуми) Скопје - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и вицегувернерот на Банката за развој при Советот на Европа Томас Бошек ќе потпишат договор за грант, неповратни средства во износ од 3 милиони евра за реконструкција на 30 спортски сали во основни и средни училишта и за набавка на опрема за 50 спортски сали во основни училишта. (Министерство за обраование и наука, 8 кат/9:30) Скопје - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе го посети СУГС „Димитар Влахов“ во рамки на втората фаза од кампањата за промоција на средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“. (СУГС „Димитар Влахов“/12:00) Скопје - Седница на Уставниот суд. (Уставен суд/9:30) Скопје - Универзитетот „Мајка Тереза“ организира Отворен ден каде што ќе бидат промовирани студиски програми за матурантите од целата држава. лоштад „Скендербег“/11:00) Тетово - Прес-конференција за организацијата и одржувањето на првиот саем за производители и бизнис форум во Гостивар. (Сенатор-Тетово, ул„Илирија“/12:00) Скопје - В.д. директорот на ЈП Градски паркинг- Скопје Бојан Христовски ќе ја отвори кампањата под мотото „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите!“. (Јавно паркиралиште „Градска општа болница“/8:30, изјава за медиуми) Скопје - Работилница за филмска критика во организација на здружението „Аквариус“. (Кинотека на Македонија/16:00) Скопје - Промоција на збирката раскази „Луѓенца“ од Лилјана Пандева. (Културно информативен центар/18:00) Скопје – Институтот за духовно и културно наследство на Албанците - Скопје, Албанолошкиот институт - Приштина и Академијата за албанолошки студии - Тирана, ќе ја промовираат книгата на илирологот Александар Стипќевиќ „Традиционалната култура на Арбнешите од Задар“, во издание на Албанолошкиот Институт во Приштина. (ИДКНА-Скопје.11:00) __________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан