19 април 2022
Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ги одржи 69-та, 68-та и 64-та седница. (Голема сала/11:00/12:00/12:10)
Скопје - Седница на Законодавно-правната комисија. (Сала 6/10:30)
Скопје - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе одржи редовен неделен брифинг за последните актуелности од надворешната политика. (МНР/10:30, медиумите да пристигнат најдоцна до 10:20)
Скопје - Народниот правобранител Насер Зибери ќе се обрати на тркалезната маса на тема „Унапредување на квалитетот на инклузивното образование на децата со попреченост“. (Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, прес-сала/10:30)
Скопје - Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) и гранските синдикати при КСС Синдикат на администрација и државна управа на Македонија (САДУ), Самостоен синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија на Република Македонија (ССЕРИ), Синдикат на станбено - деловни, комунални и водостопански организации на РМ (ССКО), Синдикат за транспорт и врски (СТВ), Синдикат на полиција во Македонија (СПМ) ќе одржат прес-конференција. (Пред канцелариите на КСС, ул.50-та Дивизија бр.25/12:00) Скопје - Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски и директорот на ЈП „Градски паркинг“ Бојан Христовски ќе ја отворат новата канцеларија на ЈП „Градски паркинг“. (во објектот на Рударски Институт, булевар „Јане Сандански“ број 113/9:30) Штип - Здружението „Градиме иднина“ Скопје ќе одржи прес-конференција. (Плоштад во Штип/11:00)Скопје - Државно првенство на бармени во организација на Здружението на бармени на Македонија. (ресторан Фор, квалификации/11:30, финале/16:30)
Гевгелија - По повод Светското првенство што ќе се одржи од 23 до 27 мај во Гевгелија, претседателот на IFMP, PATRICK NALLY ќе одржи прес-конференција. (Аполонија хотел&спа/11:00)
Скопје - Премиерна изведба на куклената претстава „Во детската соба“ авторски проект на режисерката Милена Миланова од Р.Бугарија. (Театар за деца и младинци/19:00)
Скопје - Велигденски концерт на Танец. (Национална опера и балет/20:00)
___________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***