• недела, 01 септември 2024
МИА Најави-МКД
29 април 2021 Скопје - Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ќе одржат заедничка прес-конференција со претседателот на Сојузот на синдикатите Дарко Димовски и претседателот на Организација на работодавачи Ангел Димитров. (на македонски јазик: https://www.youtube.com/watch?v=1j52d9AWglg и на албански јазик: https://www.youtube.com/watch?v=ALxXGIqB7ck  /11:45) Скопје - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе присуствува и ќе се обрати на свеченоста за промоција на втората група од 55 од вкупно 120 професионални војници во прв подофицерски чин. (касарна „Илинден“/10:00, медиумите да пристигнат најдоцна/9:30) Скопје - Секретаријатот за европски прашања за инклузивност и транспарентност во креирањето на политиките поврзани со процесот на европска интеграција во името на вицепремиерот Никола Димитров организира онлајн консултација со граѓанските организации за Нацрт-Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) 2021-2025 година. (10:00-13:00) Маврово/Дебар - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми ќе извршат увид во рехабилитација на регионален пат Маврово - Дебар. (Изјавите се предвидени на локација мост бр. 1 после брана Маврово/11:00) Скопје - Министерот за здравство Венко Филипче, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, Мартин Клус, заменик министерот на МНР на Република Словачка, амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш и директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова ќе присуствуваат на настан во врска со донација од Република Словачка. (изјави за медиумите во паркот пред Клиниката за детски болести/9:45) Скопје – Примопредавање на мобилна клиника, донација од Турската агенција за соработка и координација - ТИКА. (Во дворот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза /12:00) Скопје - Воведен настан за изработка на нацрт – Планот за управување со Национален парк „Шар Планина“. (на платформата ZOOM, https://us02web.zoom.us/j/89615707445?pwd=T0VDTHdLSzV6c1pDZzJGVWxialBZdz09  /10:00) Скопје – Прес-конференција на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. (пред КССМ, ул. „50-та Дивизија“ бр. 25 /13:00) Скопје - Рурална Коалиција ќе ја одржи првата национална прес-конференција за презентација на резултатите од извештајот изготвен низ обемно и сеопфатно истражување реализирано во периодот јануари – март 2021 година, а во рамките на проектот „Дигитализациjа во земjоделството - СЕГА!" (на платформата ZOOM, https://us02web.zoom.us/j/85754299047  /11:00-12:30) Скопје – Седница на Советот на Град Скопје. (преку конференциска врска / 11:00) Париз - Меѓународен ден на танцот - 29 Април 2021 со германскиот танчер Фридеман Фогел,  автор на светската порака и Биљана Тануровска-Ќулавковски, куратор за современ танц и перформанс, културен менаџер,авторка на македонската порака. (URL. https://www.iti-worldwide.org/macedonia.html, Facebook. https://www.facebook.com/pg/MacedonianCenterofInternationalTheaterInstitute/photos/?tab=albums, YouTube. https://www.youtube.com/channel/UCdiN20fUtY067-_TWkeJMbQ Publishers. https://www.facebook.com/PersonalFuturismPublicPolitics / 14:00-18:00) _____________________________________________________________________________   ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан