• сабота, 23 ноември 2024
МИА Најави МКД
2 март 2022  Скопје - Продолжение на 64. седница на Собранието на Република Северна Македонија. (11.00) Скопје -  Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини ќе присуствува на јавната расправа за Нацрт-законот за водите. (Клуб на пратеници и преку платформата ЗООМ https://us06web.zoom.us/j/84456040134?pwd=aGJjekFMcFBjc1BmSGdKbWZiWE9WQT09/15:00) Прилеп/Битола - Претставници од Министерството за образование и наука го продолжуваат дијалогот со локалните самоуправи, бизнис секторот, и средните стручни училишта за креирање на уписната политика за учебната 2022-2023 година и унапредување на средното стручно образование, при што се предвидени изјава на заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу (сала на Советот на Општина Прилеп/10:30) и на министерот за образование и наука Јетон Шаќири (сала на Советот на Општина Битола/14:00)

Скопје Директорот на Дирекцијата на Технолошко индустриските развојни зони ТИРЗ, Јован Деспотовски и претседателот на Асоцијација на странски компании со технолошко напредно производство, Виктор Мизо ќе се обратат на панел на тема „Иницијатива за  изработка на нова Методологија за државна поддршка за поттикнување на инвестиции“. (х„Хилтон“/12:00, изјави за медиуми/12:30)

Скопје - Народниот правобранител, Насер Зибери, омбудсманот на Латвија, Јурис Јансонс, заменик народен правобранител на Грузија, Екатерина Секладзе, Луиза Секагаја, офицер за човекови права, оддел за национални институции и регионални механизми, Канцеларија на Високиот комесар за човекови права (ОХЦХР) Женева ќе одржат конференција на тема „Јакнење на националните институции за човекови права како независен механизам за следење на примената на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост(КПЛП)“. (https://us02web.zoom.us/j/87559099965?pwd=aFlFV2JVN2hvb0s0aW1paUZLWHN2dz09/10:45) Скопје - Седница на Уставниот суд.  (Уставен суд/9:30, пристигнување на медиумите/9:15, брифинг за новинарите после седницата/13:00) Гевгелија - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе се обрати на регионален отчет на градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ по повод 100 дена локална власт. (Народен театар на Гевгелија/12:30) Скопје - ЦИВИЛ ќе одржи онлајн настан на тема „Изборен систем и реформи: Препораките на ЦИВИЛ“. (13:30) Скопје -  Завршен настан и панел дискусија ‘„Пристап до услуги за ментално здравје за младите“ во организација на Здружението на граѓани Младите можат. (Ragusa360 Rooftop/12:00) Скопје - По повод смртта на академик Луан Старова, Македонската академија на науките и уметностите, Друштвото на писателите на Македонија и Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе одржат комеморативна седница. (МАНУ, свечена сала/10:00) ________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** .

Остани поврзан