• недела, 06 октомври 2024
МИА Најави МКД
11 ноември 2022 
Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 4/12:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала 4/13:00)
Валандово/Гевгелија - Премиерот Димитар Ковачевски во посета на општините Валандово и Гевгелија: 
- Ковачевски и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска ќе се обратат на отворање нова детска градинка „Детелинка“. (ул. Јосиф Јосифовски Свештарот/12:30, предвидени се изјави за медиумите)
- Премиерот Ковачевски ќе ја посети млекарата „Вардарец“ во Јосифово, Валандово. (Млекара „Вардарец"/ 13:40)
- Премиерот Ковачевски и заменик генералниот директор на ТАВ Неџат Курт ќе го посетат Домот за култура во Прдејци. (Дом на култура, с.Прдејци/14:45)
- Премиерот Ковачевски и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи ќе го посетат производствениот погон на фабриката Конти Хидропласт. (15:30)
-Премиерот Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска ќе посетат социјалната зграда. (Социјална зграда,Гевгелија/16:10)
Скопје - Отворање на Конференцијата за е-трговија под мотото „E-commerce: Accelerate!”. (х.„Хилтон“, изјави за медиумите во 8:45)

Штип -  Трета студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“ во организација на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. (Земјоделски факултет, Кампус 2, трети кат, свечена сала/10:00, изјави за медиуми/10:30)

Скопје -  Завршен настан на Парламентарниот караван „Собрание за граѓаните“. (Парк Жена-борец/11:00)

Тетово - Прес-конференција на градоначалникот на општина Тетово Билал Касами. (Општина Тетово/10:30) Скопје - Прес-конференција на пратеникот и претседател на Левица Димитар Апасиев. (Собраниски прес-центар/11:30) Скопје - Информативна онлајн сесија за јавниот повик за доделување грантови на Македонскиот центар за меѓународна соработка преку програмата „Комисијата за антидискриминација ја остварува својата превентивна и заштитна улога“. (ЗООМ/12:00-14:00)

Скопје - По повод 13 Ноември - Денот на Град Скопје, Друштвото на писателите на Македонија ќе ја одржи манифестацијата „Писателите за Скопје“. (Друштво на писателите на Македонија/12:00)

Скопје - Промоција на книга „Зошто ме тргаш од ѕвездите?‘‘ од Леонардо Змајшек. (читална на СУГС ,,Орце Николов‘‘/19:00)

Куманово - Промоција на книгата „Мајка Слоботка херој на времето" oд авторот Тодор Бурназовски.(Простории на Здружение на пензионери Куманово, ул. „Димитар Влахов“, до Стара Црква/18:00) Кавадарци - Отворање на изложбите „Кривични дела против животот и телото“ на Симона Манчева и „Невидливост на присуството“ на Зорица Зафировска. (Музеј Галерија Кавадарци/18:30) Скопје - Изведба на операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи. (Национална опера и балет/20:00) Скопје - Официјално објавување на новиот албум „POLYCHROMY“ на композиторот Михаило Трандафиловски. Скопје - Концерт на Танго Трио. (КИЦ, Салон19:19/19:19) Скопје - Концерт со филмска музика на Гудачкиот камерен оркестар „АРКО“ под диригентската палка на Ерхан Шукри. (Музеј на македонската борба/20:00) Скопје - Отворање на изложбата „Rejuvenation“ на Моника Ризовска. (Концепт 37/20:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан