• недела, 06 октомври 2024
МИА Најави МКД
4 октомври 2022 Скопје - Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе ги одржи 20. и 13. седница. (Сала „Борис Трајковски“/11:00/11:30) Скопје - Во Делегацијата на Европската Унија брифинг за новинари ќе одржи заменикот амбасадор Џулијан Васало, фокусиран на објаснување на скрининг процесот. (12:00) Скопје - Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура во виртуелен формат „Просперитетна иднина на дигиталните плаќања“, во организација на Народната банка на Република Северна Македонија и Централната банка на Холандија. Скопје - Синдикатот на УКИМ на разговори во Владата .

Штип - Тркалезна маса на тема „Училиштето и заедницата - партнери за поквалитетно образование“ по повод 5 Октомври - Светскиот ден на учителот во организација на Факултетот за образовни науки и Општина Штип. (Факултет за образовни науки на УГД/12:00)

Струга - Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити ќе се обрати на настанот програма за миграции „Хуманитарен аспект на мешани миграциски текови”. (Центар на Црвен крст „Солферино“/ 12:00) Скопје - Локомотива - Центар за нови иницијативи во културата и уметноста од Скопје во соработка со Movement Research од Њујорк организира работилница „Канали на чувства” со Џастин Кабриљос, кореограф, уметник и писател кој живее и работи во Бруклин. (Младински културен центар, сала „25 Мај”/11:00) Скопје - Средба со универзитетските професори од Лондон, Џејмс Петифер и Миранда Викерс по повод излегувањето од печат на македонското издание на книгата „Езерата и империите во македонската историја - оспорување на водите“. (Мултимедијален културен центар Матица Ексклузив/12:00) Куманово - Отворен ден за основен курс по уметничка фотографија. (Фото-кино клуб `Козјак`- Куманово/ 19:30) Скопје - Промоција на новинарски содржини на која ќе се обратат Катрин Оствалд-Рихтер раководител на Гете-институт Скопје и претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Младен Чадиковски.. (Локал Кантина Центар, Дебар Мало/12:00) Скопје - Отворање на изложбата "Moving Imagers in stormy Times " на Ирена Паскали од Келн, Германија. (Галерија „КО-РА“, голем салон/19:00) Скопје - Отварање на изложбата „Земја“ на Бојана Артиновска Трпческа. (КСП Центар - Јадро/20:00) Скопје - Гостување на Белградско драмско позориште од Белград со претставата „Лет над кукавичкото гнездо“, според текстот на Кен Кеси/Дејл Васерман, во режија на Жанко Томиќ. (МНТ/20:00) ______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Тагови

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан