24 мај 2022
Давос - Претседателот Стево Пендаровски ќе учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форуми каде ќе говори на панел сесијата „Одржувањето на безбедноста во Европа“, на која ќе се обратат и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, премиерот на Белгија, Александар де Кро и министерката за одбрана на Холандија, Кајса Олонгрен.
Рим - Владино-црковната делегација ја продолжува посетата на Рим, во чии рамки е предвидено одавање почит пред гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“, како и средба премиерите на Северна Македонија и Италија, Димитар Ковачевски и Марио Драги.
Скопје - Заедничка литургија на поглаварите на МПЦ-ОА и на СПЦ, архиепископот охридски и македонски Стефан и патријархот српски Порфириј. (Соборен храм „Свети Климент Охридски“/9:00)
Кочани - Изведба на театарската претстава „Ништо не е страшно“ во режија на Златко Митрески и Македонка Илиевска на Драмскиот театарски фестивал ДАФ Кочани 2022. (19:00)
___________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***