• недела, 06 октомври 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД
14 септември 2021  Скопје - Собранието на Северна Македонија ќе ја одржи 50 седница. (Сала „Македонија“/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/10:30) Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 6/10:45 ) Скопје - Прес-конференција на пратеникот Борислав Крмов од „Левица“. (Кристална сала/11:30) Скопје - Дводневна конференција за промоција на родовата еднаквост „Жените во надворешната политика” во организација на Министерството за надворешни работи на иницијатива на заменик министерката за надворешни работи Фатмире Исаки и под покровителство на првата дама на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска.. (х. Хилтон“/отворање/09:30, прес-конференција/14:30) Скопје -  Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски ќе одржи прес-конференција на која ќе ги презентира деталите од компаративната анализа за економските активности во ТИРзоните. (Дирекција на ТИРЗ, бул.„Партизански одреди“ бр.2/10:00) Скопје - Прес-конференција на директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров и извршната директорка на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ Климентина Илијевски и Кристијан Милески, ко-основач на Бизнис Импакт Лаб. (Официјален профил на ФИТР на фејсбук/10:00) Скопје -  Продолжува МЕФ Енергетскиот форум 2021. (х.„Лимак“/09:00) Скопје - Јавна расправа „Дали новиот предлог на Законот за минерални суровини максимално ја штити животната средина?“ во организација на Институтот за комуникациски студии. (х.„Мериот“/10:30) Скопје -  Промоција на збирката раскази „Утрото на бессоните“ од Андреј Ал-Асади на петтото издание на фестивалот Артерија/ArtArea во организација на издавачката куќа „Бегемот“. (Кафе-книжарница „Буква“/20:00)  Скопје - Отворање изложба „Слики и цртежи“ од Мриела Мицевска Аџигогова. (ЈУ КИЦ, изложбен салон – Империјал/19:00) Кавадарци - Фестивал ДОБРА ИДЕЈА ФЕСТИВАЛ 2021 во организација на Здружението „Култиватор од Скопје. (Дом на култура/21:00) __________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини    
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан