• недела, 24 ноември 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)
20 мај 2022 Скопје - Делегација на Собранието, предводена од потпретседателот Горан Мисовски, во состав Даниела Маркоска и Зоран Коцевски, по повод одбележување на 24 Мај - Денот на сесловенските просветители „Св.Кирил и Методиј" ќе положи цвеќе пред споменикот на „Св.Кирил и Методиј". (Плато на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј"/12:00)
Скопје - Владина делегација предводена од премиерот Ковачевски ќе положи цвеќе пред споменикот „Св. Кирил и Методиј“ на платото пред УКИМ, по повод 24 мај - Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј”.
Торино - Mинистерот за надворешни работи  Бујар Османи ќе учествува на 132-та министерска сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа.
Софија - Министерката за одбрана Славјанка Петровска во официјална посета на Бугарија.
Скопје - Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, романската амбасадорка Адела Моника Аксинте, шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгстон, како и Бил Вуд шеф на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC) ќе присуствуваат на конференцијата „Отворено за корупцијата во спортот и штетата што корупцијата ја нанесува на младите спортски таленти“. (Клуб на пратеници/10:00)
Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши, евроамбасадорот Дејвид Гир и директорката на Бирото за метрологија Мерита Мустафаи ќе се обратат на одбележувањето на Светскиот ден на метрологија во организација на Бирото за метрологија. (Простории на Бирото за метрологија, бул. „Јане Сандански“ 109а/14:00)
Скопје - Во Министерството за труд и социјална политика ќе се оддржи средба помеѓу министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателот на СОНК, Јаким Неделков. По средбата предвидена е изјава за медиуми. (МТСП/10:45)
Струмица - Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, и заменик министерката за млади и спорт,  Диана Иванова ќе присуствуваат на еднодневниот форум на тема Размена на искуство во областа на политиката за млади на локално ниво, со учество на активни млади луѓе, како и интензивирање на младинската соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија во организација на Агенцијата за млади и спорт. (Општина Струмица, Дом на АРМ, изјави за медиуми/14:00)
Кочани - Државниот секретар Каја Шукова, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, извршниот директор на Македонското еколошко друштво (МЕД), Робертина Брајаноска, помошник директор на ЈП „Национални шуми“, Маре Басова– тело за управување на заштитениот предел „Осоговски Планини“ ќе се обратат по поводе одбележувањето на Европскиот ден на мрежата на Натура 2000. (Пониква, Туристички инфо центар, заштитен предел „Осоговски Планини“/11:00)
Скопје - Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски и шефот на Секторот за соработка при Делегација на ЕУ во земјава Штефан Худолин ќе ја промовираат пролетната кампања за авионско фрлање на мамки за вакцинација на лисиците против болеста беснило, подржана од Европската унија. (Спортски аеродром Стенковец/11:00)
Штип - Отворена презентација на средства и опрема на Армиите кои учествуваат на големата меѓународна воена вежба „Swift Response 22“ во организација на Армијата на Република Северна Македонија и Армијата на САД за Европа и Африка. (Во близина на градскиот стадион во Штип/16:00-18:00)
Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 68-та седница. (https://us06web.zoom.us/j/84842559813?pwd=cHdGT2c5LzZCcFE0N0JDRTVnL1VkZz09/10:30)
Скопје - Меѓународна конференција за миграцијата насловена „Луѓе во движење, државјанство, идентитет и развој“ во организација на Универзитетот „Мајка Тереза“ во партнерство со Универзитетот во Сасари-Италија, Универзитетот во Приштина-Косово, Универзитетот „Свети Апостол Павле“ од Охрид и невладината организација „Легис“ од Скопје. (УМТ, 6-ти спрат, зграда на ССМ, ул.Мирче Ацев бр.4/9:00)
Скопје - Промотивен настан и дискусија за изданието на ИКОМОС Македонија „Европски начела за квалитет на интервенции финансирани од ЕУ со потенцијално влијание врз културното наследство“. (Europe House, во живо и на социјалните мрежи и YouTube каналот на ИКОМОС Македонија/11:00)
Скопје - Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста организира трибина на тема „Македонскиот национален идентитет и процесите на евроинтегрција“. (Дом на АРМ/11:00)
Скопје -  Претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, пратеникот и претседател на Демократската Партија на Турците, Бејџан Илјас и претседателот на Движењето на национално единство на Турците, Ердоган Сарач ќе достават приговор до Државниот завод за статистика во врска со реализираниот Попис и објавените резултати. (Државен завод за статистика, изјави за медиумите/11:00)
Скопје - Претседателот на Здружението за лица со посебни потребин „SOS VITA”, Ертан Шакир ќе одржи прес-конференција. (Простории на Здружението, Џон Кенеди ББ бр.1/14:00)
Скопје - Организацијата на жени турчинки „Дерја“ во соработка со ЈЗУ „Здравствен дом Скопје“ ќе го промовираат проектот „Вакцинирано население е заштитено од Ковид 19“. (Поликлиника Чаир/10:30)
Штип - Презентација на истражувања во рамките на предметот „Социологија на право“. (Правен факултет на УГД)
 - Изјави за медиуми (11:45)
Презентација на резултати од спроведено истражување „Зошто младите заминуваат надвор од државата“ . (12:00)
- Дебата на тема „Влијанието на мас-медиумите врз младите“ (12:20)
Пехчево - Одбележување на Светсткиот ден на пчелите, организиран под покровителство на Амбасадата на Република Словенија во Скопје и Програмата за зачувување на природата. (Едукативен центар за зачувување на природата, село Негрево/11:00)
Скопје - Конференција на тема „На работ на климатска катастрофа: Уметност, култура, екологија и креирање политики во 21 век“ во организација на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата и Плоштад Слобода. (Музеј на современа уметност/10:00)
Скопје - ЈУ МКЦ Скопје ќе го отвори новиот зелен простор во градот наречен „Градиднина“.
Скопје - Доделување на годишните награди „Златен објектив“ на филмската монтажерка Олга Луковска-Дончиќ и филмскиот критичар Благоја Куновски-Доре. (Кинотека, сцена на летното кино „Мирно Лето“/12:00)
Скопје - Промоција на интерактивната и видео книга „Политички говори и јавни настапи“ на Магдалена Стојмановиќ. (Кафуле „Република 1314“, Аеродром/20:00)
Скопје - Манифестација „Матурска парада“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност на
Скопје, во соработка со Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“. (Плоштад „Македонија“12:00)
Велес - Драмски театар Скопје со претставата „Странци“ ќе гостува на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ во рамките на првото издание на театарскиот фестивал посветен на Петре Прличко. (20:00)
Скопје - Настап на ансамблот „Б.Ц. Брас“ (Balkan Connection Brass) со оперски арии изведени на лимени дувачки инструменти. (Филхармонија, мала сала/20:00)
Солун - Самостојна изложба „Самогласки во лет“ на Кристина Зимбакова. (Универзитет „Аристотел“)
Скопје - Концерт на Аmplidyne Effect (Мартин Георгиевски). (Салон 19:19/20:00)
  ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан