• петок, 30 август 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)
2 јули 2021  Охрид - Втор ден на „Преспа форумот за дијалог“. (Прес-конференција/13:30) Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала „Борис Трајковски“/10:00) Крива Паланка - Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски ќе одржи работна средба со градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и ќе посети дел од локациите опфатени во проектите за регионален развој. (Изјави за медиуми, платото кај Градскиот музеј/11:40)  Скопје - Државната изборна комисија ќе одржи јавна седница. (11:00 / седницата ќе се емитува во живо на Јутјуб каналот на ДИК) Скопје - Доделување титула почесен професор на Ректорот на Медицинскиот универзитет во Пловдив, проф.д-р Мариана Мурџева, по што ќе следува предавање на тема „Антимикробна отпорност" во организација на Европскиот универзитет. (Европски универзитет, бул.„Св.Климент Охридски“ бр.68/10:00) Радовиш -  Работилница за подигнување на свеста за климатски промени и зелени активности во рамки на проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“ во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион – Струмица, општина Сандански и општина Радовиш. (река Сушица во општина Радовиш/9:00) Скопје - Мрежата на земјоделски задруги организира средба по повод 3 јули - Меѓународниот ден на задругите. Скопје - Претставници на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) и Здружението на вработените во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ ќе дадат изјава за медиумите. (во „Жена парк“, спроти Собрание на РСМ/13:30) Скопје - Прес-конференција во врска со недостигот на лекот Калидеко за децата болни од цистична фиброза. (Градски парк кај фонтана/11:00)  Скопје - Поетска манифестација „Празник на липите“ во организација на Друштвото на писатели на Македонија. (ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ на зелениот покрив/20:30) Скопје - Отворање на изложбата „Стаклена вила“ на Борјана Божиновска. (Галерија „КО-РА“-сутерен, нов салон/19:00)  Скопје - Три концерти „Танго во 4“ на Младинскиот гудачки квартет СЕТЕМА. (Градски парк, Школка/18:30/ 20:30/од 22:30) Скопје - Отворање на изложбата „Крик на природата“ на Марија Светиева и Виктор Бранѓолица. (Галерија „КО-РА“, голем салон/20:00) Скопје - Отворање на Европска изложба –CreArt во организација на Град Скопје и Музеј на град Скопје. (Музеј на град Скопје/20:00)
Скопје - Концерт „Шопен, поетот на музиката - музички бисери за пијано“ на изведувачите Даница Стојанова - пијано, Нита Груби, Бобан Мирковски и Сара Кесковска, к.г. – пијано.“ (Музеј на македонската борба/20:30)
_________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини  

Тагови

Остани поврзан